
Доколку го прескокнете појадокот, за ручек ќе ви се јаде повеќе и нормално дека ќе внесете повеќе храна.
Постојат неколку фактори кои влијаат на намалувањето на килограмите и баш напротив допринесуваат за нивно зголемување. Дознајте кои се тие фактори.
Компјутер
Колку пати ви се случило да седнете пред компјутер за да си го проверите Facebook профилот и да останете уште 5 часа? Обидете се да ги договорите луѓето да излезете заедно, одете на кафе. Седењето пред компјутер нема да ви помогне во вежбањето и намалувањето на килограмите.
Телевизија
Според најновите истражувања, седењето пред телевизор и гледањето телевизија го забавува метаболизмот и варењето на храната се одвива побавно за разлика од варењето храна додека само мирно седиме и не прави ништо конкретно.
Прескокнување оброци
Не е убаво да се прескокнуваат оброците. Доколку го прескокнете појадокот, за ручек ќе ви се јаде повеќе и нормално дека ќе внесете повеќе храна. На тој начин, многу побрзо ќе огладнете и повторно ќе треба да јадете. Затоа, водете редовна исхрана и нема да имате проблеми со метаболизмот.
Благо и сокови
Заменете ги вештачките сокови со некое свежо овошје. Истото ваши и за благото. Ќе бидете заситени извесен период, но за брзо време повторно ќе бидете гладни и ќе сакате да јадете. Природниот шеќер повеќе заситува отколку вештачкиот.
Датум на раѓање
Според некои истражувања, децата родени во зима се склони на дебелеење за разлика од оние родени во лето. Причина за тоа се смета бавниот метаболизам на овие родени во зима.
Грижи
Стресот го предизвикува лачењето на оние хормони кои се задолжени за чување на маснотиите. Затоа, за да не ги ослободувате маснотиите премногу лесно, пружете си една релаксирачка масажа.
Јога и пилатес
Овие две вештини ги обликуваат и затегнуваат мускулите и телото, но не ги согоруваат калориите. Затоа обидете се да ги комбинирате со аеробик.
Лош сон
Заморот влијае врз нашата способност да ги согоруваме јаглените хидрати и го забавува метаболизмот. За да успеете во мисијата и да ги намалите килограмите, обидете се порано да си легнувате и секогаш добро да се наспиете.


















































