
Со оваа диета, за една недела ќе намалите 3 килограми, но притоа треба да внимавате да не консумирате шеќер, грав, чоколадо, сол и мајонез...
Грозјето има многу позитивни влијанија за организмот. Го штити срцето, спречува инфаркт, го намалува ризикот за срцеви заболувања и секако холестеролот.
Но, покрај овие функции, тоа помага и при намалување на килограмите.
Со оваа диета, за една недела ќе намалите 3 килограми, но притоа треба да внимавате да не консумирате шеќер, грав, чоколадо, сол и мајонез...
Оваа диета се води 3 дена во текот на неделата, а вие се што треба да направите е следново; треба да ја комбинирате храната на следниов начин и да се радувате на намалените килограми.
ПОНЕДЕЛНИК
Појадок: парче интегрален леб, пилешки гради и чаша и пол млеко или јогурт.
Ужина: 200 g црно грозје.
Ручек: варено јајце, 250 g готвен зеленчук зачинето со маслиново масло и 40g интегрален леб.
Ужина: 200 g бело грозје.
Вечера: 150g печено говедско месо зачинето со 2 лажици маслиново масло, 40g леб или тост, а за десерт компот од јаболка.
ВТОРНИК
Појадок: 50g житарки и јогурт.
Ужина: една чаша сок од грозје или 150g бело грозје.
Ручек: 100g печено бело месо, 250g мешан зготвен зеленчук зачинет со маслиново масло, лимон и оцет, 40g леб.
Ужина: 150g црно грозје.
Вечера: 120g риба на скара, 250g салата од пченка и морков зачинета со маслиново масло, оцет и сок од лимон, 50g леб.
СРЕДА
Појадок: овошен јогурт.
Ужина: 200 g бело грозје.
Ручек: 100g тестенини со сос од домати и рендано сирење.
Ужина:овошна салата од јаболка, грозје и круши.
Вечера: 150g свежо сирење, 250g мешан зеленчук зачинет со маслиново масло, лимон и оцет, 40g интегрален леб..gif)






















.gif)























