
на вашето дневно мени му се неопходни состојките од бананите, какао, јајца, житарки, за да бидете среќни.
И што правите кога ви е досадно, кога сте тажни, кога сте нервозни и раздразливи? Јадете, нели? Се фрлате на кутијата со чоколадни бонбони, на чипсот кој наводно го купивте за во случај да налета некој гостин. Откако сфативте што направивте, уште толку се онерасположивте. Научно е докажано дека диетата предизвикува депресија, но нејзиното прекршување уште толку ќе ве фрли на дното. Пријатно ќе се изненадите кога ќе ви соопштиме дека и за оваа мака има решение. Нутриционистите создале таканаречена диета на расположение. Замислете ем да слабеете, ем да бидете позитивни во секој дел од денот.
Тие велат дека треба да избегнувате големи количини алкохол, пржена храна, масно месо, рафиниран шеќер и скроб. Наместо тоа, на вашето дневно мени му се неопходни состојките од бананите, какао, јајца, ѓумбир, разни интегрални житарки, моркови, лук, пилешко, темнозелен листен зеленчук, соја, тофу сирење.
Ваквата хранлива, а воедно вкусна прехрана, ќе влијае позитивно на вас и на вашето тело, а на вас останува само да уживате во вкусните деликатеси.
ПРЕПОРАКИ:
За појадок...
1 избор: Палачинки од интегрално брашно, свежо овошје, омлет од белки и интегрален тост.
2 избор: Житарки кои содржат многу растителни влакна, банана, обрано млеко, варено јајце, кафе.
3 избор: Интегрален тост со колбас од соја, овошен јогурт.
За ручек...
1 избор: Бистра супа, мисиркино месо, салата од домати, краставица или зелена салата зачинета со маслиново масло, грашок или блитва како прилог.
2 избор: Бистра супа, салата од туна, зеленчук и интегрални тестенини.
3 избор: Бистра супа, сендвич од интегрален леб со туна или мисиркино месо, кајгана со домати.
За вечера...
1 избор: Пилешко или риба на скара, печена пиперка, интегрален ориз.
2 избор: Варен разновиден зеленчук (брокола, блитва, пиперка) морски плодови или риба.
3 избор: Говедско месо на жар, печурки, пире од компири, мешана или зелена салата зачинета со оцет и маслиново масло.
.gif)






















.gif)























