
Недостатокот на забавни активности во текот на денот може да ве натера да го отворите фрижидерот.
Знаете и самите, ова е најголемата лага што некогаш сте си ја кажале себеси. Без разлика на неговата форма, големина или вкус, на чоколадото е тешко да му се одолее, исто како на добар пар потпетици.
Најголемите зависници ќе се обидат да ја оправдаат својата опсесија со тврдењето дека тоа е одлично за здравјето, но ако практикувате да јадете по 100 грама чоколадо секој пат кога ќе седнете пред телевизор, или ако секоја романтична вечера со партнерот завршува со палачинка полна крем, ги зголемувате шансите да го влошите сопственото здравје.
Но дали тоа значи дека треба да се откажете од ова божествено задоволство? Секако дека не, единствено треба да знаете колку изнесува препорачаното количество шеќер на ден и да внимавате да не внесете повеќе од дозволеното, а имаме и доволно добар аргумент што го поткрепува овој совет. Имено, зависноста од шеќер се поистоветува со зависноста од хероин – шеќерот ги стимулира истите биохемиски процеси како хероинот, па не е чудо ако се најдете во ситуација да се разбудите сред ноќ со потреба за нешто слатко што не може да ја контролирате. Модерниот начин на живот, исто така, лесно може да нѐ натера доживеаниот стрес да го ублажиме со награда, која секако, најчесто ја добиваме во вид на храна.
Ако не сте од оние кои навистина се задоволуваат со само една коцка чоколадо, обидете се со следното:
- Откријте дали потребата за слатко е резултат на вашата емоционална состојба. Депресијата и слабата самодоверба често се причина да посегнете по омилената млечна чоколада.
- Наместо да си ветувате дека нема да ставите ниту коцка во уста цела недела, заштедете време и напор и само намалете ја количината. Се препорачува најмногу 50 грама чоколадо на дневна база, а препорачливо е оваа количина да ја поделите на три, со тоа што секој дел ќе го јадете половина час по оброкот.
- Не јадете од досада. Недостатокот на забавни активности во текот на денот може да ве натера да го отворите фрижидерот. Затоа пешачете повеќе, џогирајте, возете велосипед... Сѐ е попаметно од тоа да се полните со храна тогаш кога нема што да правите.
- Спротивставете и се на слабоста со парче овошје, како банана, бидејќи таа постепено го зголемува нивото на шеќер во крвта. Во чантата секогаш носете си два – три ореви или суво овошје.
- Право во теретана! Времето конечно се подобри, па сега веќе немате причина да се жалите како темните облаци ви ја одземаат желбата за физичка активност. Освен што ќе добиете супер линија за новите бикини, ќе се справите и со потребата за чоколадо. Вежбањето го поттикнува серотонинот и го ослободува ендорфинот, што придонесува да се чувствувате среќни и расположени. Исто како да сте имале незаборавна секс партија со партнерот...
.gif)






















.gif)























