
Јагодите одамна се ценети од нутриционистите за големото количество витамин Ц.
Вкусно веќе одамна не е синоним за штетно. Напротив големиот број вкусни оброци се полезни за вашето здравје и фигура и истовремено ќе го задоволат вашиот апетит. Сигурно ви е познато дека доколку сакате да ја доведете фигурата во најдобар ред пожелно е да ужинате почесто и помалку. Тоа му овозможува на организмот нивото на шеќер да остане непроменето, а метаболизмот се забрзува.
Најважно за ужините е да избирате правилни и квалитетни производи богати со белковини и минерали, а за калоричните колачиња и чипсови, кои содржат големо количество јаглехидрати и шеќери, подобро да заборавите засекогаш. Применувајте здрав режим на исхрана!
И така, време е да се ви ги претставиме најполезните оброци:
Да, за освежување со овошен сладолед
Овошниот сладолед е одлична алтернатива за да го замените млечниот или чоколадниот сладолед. Една порција замрзнат овошен лед содржи само 100 калории, а сепак претставува одличен десерт.
Дилемата со сирењето во ваша полза
Ако во минатото сирењето се сметало за најголем непријател на стројната фигура, тогаш денес нутриционистите слободно го препорачуваат. Доволно е едно парче сирење со неколку крекери и чувството на ситост нема да ве напушти неколку часа.
Зошто да се откажувате од топлото чоколадо?
Можете да го приготвите со млеко со ниска масленост. Вискокалоричното масно млеко заменете го со обично бесмасно и на ваков начин ќе добиете вистински вкусен пијалак богат со витамин Б, калциум и белковини.
Кога сакате топол оброк
Изберете зеленчукови супи. Изборот е голем, а според експертите топлиот оброк барем еднаш во денот ја намалува желбата за калорична храна до 20 %.
Вечерта е време за јогурт
Една чаша јогурт пред спиење ќе го подобри варењето на храната и ќе ја обнови микрофлората. Единствено не се препорачува за оние со високо ниво на киселини во желудникот.
Поддржете ја енергијата со јагоди
Јагодите одамна се ценети од нутриционистите за големото количество витамин Ц што го содржат во себе и материите кои ги лачат течностите од организмот. А ние ги сакаме јагодите и затоа што заедно со топло чоколадо се божествено вкусен десерт.
Време е за суво овошје
Имајте секогаш при рака суво овошје, но бидете сигурни во нив да не е додаден шеќер или пакетче ореви кои содржат витамини.
Борба со искушението
Пијте доволно вода
Водата освен што ги лачи токсините од организмот, го намалува и чувството на глад.
Чистете ги забите по секој оброк
Доколку после секое внесување на храна ги четкате забите, тогаш на психолошко ниво ќе сметате дека тој процес е завршен и нема да посакате да посегнувате по храна.
Движете се
Движењето и шетањето на свеж воздух ќе ви го тргнат вниманието од помислата за постојано и прекумерно јадење.
.gif)






















.gif)























