Зборувавме за тоа колку е супер да го почитувате фитнес-режимот додека сте на одмор. Сигурно некои ќе речат дека и не е толку страшно да се направи пауза и тие 10 дена да се искористат за тоа за што се наменети - ОДМОР.
Секако дека нема да се противиме на вашата одлука, но не смееме да ги заборавиме тие што сепак уживаат во вежбите на плажа. Затоа им препорачуваме неколку лесни и едноставни, со напомена да внимаваат кој период од денот ќе го резервираат за спорт.
Или рано наутро или на зајдисонце, многу логично не смеете да трчате напладне кога температурите се високи и штетни за предолго изложување, а за физичка активност да не говориме.
За да не ги оптоварите мускулите, а со тоа и да си го уништите одморот, препорачуваме вежби за релаксација и за истегнување. Во комбинација со правилно дишење ќе ви дадат спокој и енергија за сите претстојни забави.
.gif)






























.gif)























