
Како и стомакот така и рацете не е лесно да ги обликувате и да ја истакнете нивната мускулатура. Една од причините за меките раце е тоа што девојките многу малку им обрнуваат внимание. Kога започнуваат со вежбање, прво што сакаат е да го затегнат стомакот, задникот или бутините. Рацете доаѓаат последни на ред со верување дека не бараат многу посветеност.
Голем број девојки се жалат дека нивните раце изгледаат како прачки, но поголем е бројот на оние што мислат дека нивните раце се дебели и виснати. За жал, не постои диета која ќе ви гарантира слабеење само на рацете или на задникот. Што значи, ако сакате да го решите проблемот или мора да држите диета, да го исцедите целиот организам за на крај конечно да почнат да слабеат и рацете или едноставно да почнете да вежбате.
Додека правите вежби за рацете треба да научите како функционираат мускулите за да знаете која вежба за кој мускул е соодветна. Најчесто се активираат три вида мускули: бицепс, трицепс и мускулите на рамото. Самата физичка активност е доволна за да се активираат и сите останати ситни мускули.
Истакнатиот бицепс навистина изгледа добро во деновите кога носите кратка маичка или бикини. Во категоријата вежби што го активираат бицепсот влегуваат сите оние што вклучуваат влечење спрема градите или кревање нешто од подот, со други зборови, кревање тегови.
Не може да очекувате дека ќе бидете во состојба да издржите агресивен тренинг зошто едноставно немате доволно тестостерон за тоа. Но затоа и малите тегови ќе завршат работа. Откријте ја позицијата во која бицепсот најмногу се затегнува бидејќи тоа е важно за тренингот правилно да го изведувате.
Ако споменавме тегови, не значи дека треба да се ограничите само на нив. Какво било движење на рацете е добредојдено и има ефект на долг рок. Не ги прескокнувајте и наједноставните вежби што некогаш ги правевте за време на часовите по фискултура. Таквите вежби во комбинација со најразлични движења со тегови во дланките ќе ги зацврстат мускулите и за брзо време ќе имате бицепс сличен на оној на Madonna.
.gif)






















.gif)























