Но, постојат и научни истражувања што ги потврдуваат позитивните ефекти од оваа стара индиска вештина. Тоа што ја прави јогата поинаква од другите вештини, е тоа што освен што ја подобрува психофизичката состојба, ве учи како да го сакате своето тело и дух.
Сигурни сме дека ќе го задржиме вашето внимание ако ви кажеме дека јогата е едно од најдобрите начини за постигнување нормална телесна тежина. Освен што во текот на тренингот се губат калории, јогата го нормализира гладот и потребата од прекумерено внесување храна.
Но, тука не завршува нејзиното дејство. Спектарот на нејзиното дејствување е огромен, од намалување на болките во мускулите, лекување на депресијата, па сé до нормалното функционирање на внатрешните органи, особено срцето. Но, за тоа подетално ќе зборуваме во следна пригода. Овој пат ќе се задржиме на неколку почетни вежби.




















































