
Без разлика на типот на вежбите што ги практикувате, секогаш треба да бидете подготвени како на физичка така и на психичка база. Во спротивно вежбањето ќе биде болно, напнато и нема да даде ефект.
Конкретно за вежбањето јога, претходната подготовка е круцијална. Зошто? Самиот начин на вежбање не подразбира механичко активирање на мускулите без размислување. Како што зборувавме, акцентот е ставен и на душевната рамнотежа. Затоа е потребна висока концентрација и конкретна состојба на организмот за изведување на јога-вежбите.
Што е тоа што треба да го знаете за да можете максимално да ја почувствувате ползата од оваа индиска вештина?
Кога да вежбате? Најсоодветно време за вежбање јога е наутро пред појадок. Тогаш мозокот е смирен, телото освежено од сонот. Вежбите ќе може да ги изведувате со леснотија и виталност.
Каква локација? Тивко место што релаксира и поттикнува на вежбање. Не смеат да постојат никакви пречки што на каков било начин би го одвлекле вниманието. Доколку вежбате во затворена просторија, таа треба да биде свежа, исчистена од прав, инсекти и со пријатен мирис.
Состојба на организмот? Пред вежбањето обидете се да го посетите тоалетот за да се ослободите од сварената храна и мочта. Искашлајте се, исчистете го носот и ушите. Ако не сте избањати, сторете го и тоа. Пред вежбањето напијте се чаша млака вода и почнете со вежбање по 15 минути.
А што е со исхраната? Исхраната треба да биде умерена, не смеете да се прејадувате. Јадете колку да го задоволите гладот. Тренерите препорачуваат пауза од 4 часа помеѓу оброците. Еве како треба да изгледа вашето мени пресметано во проценти: житни култури 30 %, млечни производи 20 %, зеленчук 25 %, овошје и мед 20 %, апетисани 5 %.
Како да се облечете? Облеката треба да биде лесна и тенка. Кожата треба да дише и многу е подобро поголемиот дел да биде изложен на воздухот. Затоа најдобро е да се облечете во памучна маичка и панталони од ликра.
На што треба да легнете? Чергичето што ќе го користите за изведување на вежбите за на под, најдобро е да биде волнено. Не смеете да ја изложувате половината на студот од подот. За да не ве боцка волната, врз него постелете чиста фротирка или чаршаф.






































