
Неколку тренери чија специјалност е обликување на женското тело, набљудувајќи ги жените во своите приватни фитнес-центри, направиле листа со најголемите фитнес-грешки. Прочитајте ги и што е најважно применете ги во секојдневното вежбање.
Наше мислење е дека најголема грешка е што премногу брзо сакате резултати, а кога ги нема, почнувате да се откажувате. Вежбајте со ентузијазам во слободна атмосфера и најмногу трпение. Патем внимавајте на следните грешки:
1 грешка: Ги избегнувате вежбите за затегнување и повеќе правите кардио-вежби за слабеење.
Решение: Почнете да кревате тегови. Жените повеќе се фокусираат на трчањето, пешачење, возење велосипед, но истражувањата покажуваат дека за фит форма се неопходни и вежби за затегнување. Во текот на стареењето, секоја деценија жената губи по 5 килограми од својата мускулна маса. Идеалната комбинација која ја препорачуваат е: 3-4 сесии од кардиоваскуларни вежби и 2-3 сесии вежби за затегнување во неделата.
2 грешка: Постојано ги изведувате истите вежби.
Решение: Редовно внесувајте промени со кои ќе ја уништите здодевната рутина. Телото се навикнува на вежбата и по подолг период таа веќе е без ефект. Затоа е неопходно да се менува времетраењето на тренингот, интензитетот и типот на вежбите.
3 грешка: Мирно пловите низ кардиоваскуларните вежби.
Решение: Внесете малку аеробик. Мора да го зголемувате интензитетот на кардиоваскуларните вежби ако сакате побрзи резултати. Аеробикот ја забрзува работата на срцето, а со тоа се забрзува и самата циркулација во организмот. На пример, додека трчате забрзајте го темпото, истрчајте еден спринт, и повторно забавете. ДВД со фитнес-вежби одлично е за ваква намена бидејќи ве тера да спортувате многу повеќе отколку што мислите.
4 грешка: Се чувствувате напнато бидејќи не се загревате.
Решение: Пред секој тренинг истегнете ги мускулите и направете неколку потскокнувања за да го подготвите телото. Мора да одвоите 5 минути за загревање, на пример, со лесен џогинг или скокање во место. По секоја серија напорни вежби застанете и повторно правете ги вежбите за загревање. Вака ќе го смирите забрзаниот пулс и ќе можете да продолжите понатаму.
5 грешка: Следите туѓи тренинзи, најчесто на познатите.
Решение: Поставете цел што е можно да ја постигнете. Правите голема грешка ако седнете на интернет и ја барате програмата по која вежба Heidi Klum. Вашето тело е уникатно и има потреба за конкретни вежби што одговараат на физичката подготвеност и тежината. И кога ќе постигнете резултати, мускулите нема да ви бидат исти како на избраниот идол.





































