teeneage_girl_at_gyneacoМојот прв гинеколошки преглед
Кога е време, што се случува и како треба да се однесувате на првата средба?
dieta2Необичната диета „Еве зошто сте дебели“
Интересен проект на Jackie Warner со здрав начин на исхрана и ригорозни вежби.
trpeza2Како да останете имуни на празничната трпеза?
Испијте чаша млеко со ниска масленост пред забавата и таму дружете се со луѓето.
golataОдговор за оргазмот, белиот исцедок и...
Многу жени мислат дека секоја количина на бел исцедок е знак за инфекција.

Стандарден кикбокс за жени

kickboks

Часовите по женски кикбокс најчесто вклучуваат удари со раце и нозе во воздух или вреќа и скокање на јаже. Ваквиот кикбокс всушност е една добра кардио-вежба за одржување на тежината и мускулната маса.

Предности на кикбоксот:

Нема подобар начин за ослободување од стресот. Уште вреќата да си ја замислите како вашиот шеф и ќе излезете преродени од салата.

Кикбоксот обезбедува согорување на калориите од глава до петици.

Преку кикбоксот ќе ја подобрите кондицијата, рамнотежата и плус ќе научите некој чекор за самоодбрана кој може да ви затреба некогаш во животот.

Маани на кикбоксот:

Може да дојде до повреда, особено кај почетниците кои се уште не сé навикнати на молскавични кратки удари.

Кикбоксот е навистина енергичен спорт составен од напорни тренинзи што не може секој да ги поднесе.

Ако не успеете да се вклопите во групата или да комуницирате со тренерот, интересот брзо ќе спласне бидејќи не станува збор за колективна игра како фудбал.

Дали кикбоксот е спорт за вас?

Еве ја листата со придобивки според која ќе можете да заклучите колку одговара на вашиот животен стил и кондиција.

Мускули кои се активираат - мускулите на целиот скелет вклучувајќи и ги оние од кардиоваскуларниот систем.

Изгубени калории - човек кој тежи 68 кг може да изгуби до 680 калории, додека човек со телесна тежина од 90 кг може да изгуби 907 калории на час.

Потребна опрема - патики како за кошарка, завој за да ги заштитите дланките од повреди, ракавици за бокс во зависност од програмата, појас за половина и многу вода.

Место за вежбање - најдобро е да се запишете во приватно училиште бидејќи друго е кога со вас работи тренер. Доколку не можете да си дозволите можете да вежбате во двор следејќи специјално видео.

Потребно време за тренинг - доволно е да одите на часови два пати во неделата во траење од 45 до 60 минути. Ако мислите дека имате капацитет, зголемете ја честотата на тренингот.



 
Unique-avgust

Error: Any articles to show

11-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)