
Ладните денови дојдоа, но затоа си замина ветувањето што си го дадовме летоска. Се сеќавате кое ветување? Дека ќе вежбаме упорно и дека нема да го прекршиме режимот. Но, одморот помина, телото го покривме со алишта и сега може да мирува се додека не мора да го покажеме во јавност.
За да не мора да барате изговори дека е ладно за да посетувате фитнес, дека лесно можете да настинете, преселете ги вежбите во вашиот дом. Но, овој пат не ви е потребна справа или топка, крпата за бришење прашина ќе заврши работа.
Домашните обврски и онака не можете да ги избегнете, но зошто да не имате и лична корист од нив. Освен дом што блеска ќе добиете и топ форма. Пуштете музика која знае добро да ве расположи и кренете во акција.
Тоалетот освен што е најголем извор на бактерии, е најголем извор на различни вежби. Триење на кадата, веце шолјата, и подните плочки, одлично за затегнување на рацете и грбот. Менувајте ја динамиката и правете различни кружни движења со рацете.
За да се поштедите од болки во половината, подот бришете го на коленици. За да ги активирате и нозете, крпата наизменично ставете ја под стапалата и светнете го подот.
Бришењето на ламинатот или смукањето, има исти ефекти како да вежбате на справа. Освен рацете, се активира целиот труп, а се истегнуваат и задните мускули на нозете и задникот.
Бришењето на светилките на таванот, е одлично за истегнување на рацете и телото, додека пребришувањето на сите оние мали предмети низ станот е вистинска јога-вежба за вашиот ум.






































