
Вежбањето стана ваш начин на живот. Што се однесува до вас би го практикувале и за време на викендите во планина и одморот на море. Ништо не губите, напротив можете само да добиете, доколку во куферот спакувате еден пар тренерки и саат време посветите на вежбањето. Но, ви се здосади да се правдате пред друштвото за чудната постапка иако тука нема ништо чудно, освен тие. Нормално во никој случај не ги слушајте и наведете им ги следните причини:
Сигурно сте се соочиле со проблеми на дигестивниот систем при патувањето. Самата промена на климата го отежнува варењето на храната па затоа имате болки во стомакот. Од друга страна тука е изобилството од месо на скара, пиење, благо, кои дополнително го комплицираат проблемот. Објаснете им на пријателите дека со вежбањето се забрзува работата на целиот организам вклучувајќи го и желудникот.
Поминатиот пат, опкруженоста со луѓето ќе ве направат уморни иако ништо не правите. Првите два дена ќе истрпите но, веќе третата вечер ќе решите да останете во соба. Нека не ви се чудат што вие никогаш го немате тој проблем и секогаш сте прва за забава. Вишокот енергија и сила доаѓаат од активирањето на мускулите.
Ни малку не е чудно доколку за време на одморот пиете повеќе од вообичаеното. Не оди забавата без нешто жестоко. Во случај да претерате, а не сакате да го губите времето во кенкање и лежење фрлете се на една партија одбојка на плажа. Преку потењето ќе ги исфрлите сите непотребни токсини и ќе ви се разбистри главата.
И на одморот не оди се како подмачкано. Колку повеќе луѓе толку различни карактери па и по некоја караница се случува. Особено ако сте со дечкото кога тогаш ќе ја спукате работата. За да не комплицирате и да ја правите работата голема, а сте дошле да избегате од проблеми, повлечете се и направите неколку вежби за релаксација.
.gif)






















.gif)























