
Сигурно до сега сте налетале на информација дека некои пациенти се лекувале со помош на музика. Овој пат музиката ќе ви помогне да ја намалите тежината и да направите тело како танчерките од спотовите на MTV.
Секој си има свој омилен тип на музика. Овој пат ви требаат оние тонови кои секогаш знаат да допрат до вас и кои ве тераат да држите ритам со стапалото. Тие се проверен рецепт дека навистина ќе се внесете во танцувањето.
Зошто танцувањето е добра вежба?
Додека вашиот мозок е окупиран со музиката и текстот, го игнорирате чукањето на срцето и заморот, а телото губи калории како лудо.
Дали ве убедивме дека вежбањето е супер спорт? Ако не, да поработиме на случајот.
ПРЕДНОСТИ НА ТАНЦУВАЊЕТО:
Преку танцувањето ќе дојдете во контакт со различни музички стилови, почнувајќи од рок па се до латино танци. Што значи дека нема да пости мускул кој нема да биде активиран во целиот процес.
Толку е забавно, што ќе заборавите дека всушност тоа го правите заради линија. Уште ако се запишете и на некои часови по танц, ќе запознаете нови луѓе, а можеби ќе се роди и нова љубов.
Танцувањето е евтино во секој поглед. Се што ви треба е добра музика и нормално вашата упорност и желба. Не мора да трошите пари за приватни часови, можете да вежбате и дома и секако во диско.
Танцот е можеби најдобриот начин за постигнување вистинска женска линија. Телото ќе добие на грациозност, а вие ќе се движите како газела. Ќе се ослободите од сета негативна енергија, ќе ги зајакнете мускулите и срцето.
Што велат девојките кои танцуваат?
Ана 21, Танцот е подобар и од фитнес бидејќи е позабавен. Времето лета, а ти немаш чувство дека си сторил нешто особено. За резултати треба време, но затоа нема мускул на кој не се гледаат ефектите.
Марина 26, Танцот е одличен за градење на тонусот на мускулите, создавање кондиција, а најмногу го препорачувам за грбот. Повеќе нема да бидете згрбавени, ќе знаете како правилно да одите и седите.






































