
Не знам за вас, но мене многу ми е смешно кога ќе чујам дека некој oде на часови по карате. Сè си мислам дека тоа е залудно губење време и пари. Ако не се качите на справа или не легнете да направите стомачни вежби, како ќе се испотите, со мавтање на рацете во воздух?
Сè додека не решив да пишувам за овој спорт, сфатив дека сум во голема заблуда. Со каратето не само што се губат калории туку тоа е најдобрата дисциплина за постигнување флексибилност, еластичност, координација и баланс.
Старите карате-мајстори го практикувале каратето бидејќи знаеле дека тоа е незаменлива вежба за мозокот, слична на јогата. Особено е интересно тоа што каратето го подобрува видот. Преку следењето на брзите потези на противникот, се активираат речиси сите очни мускули.
3 основни предности на каратето:
1. предност: Каратето е дисциплина составна од многу техники и зафати на самоодбрана. Техниките се учат еднаш, се совладуваат и стануваат трајно добро за цел живот.
2. предност: Научно е докажано дека каратето ја подобрува самодовербата на човекот. Верувањето дека сте силни и дека имате моќ да се спротивставите секому, ќе ве направи цврсти личности во секоја сфера од животот.
3. предност: Каратето најмногу се препорачува на децата во развој, но добро е и за постарите. Бара активирање на мозокот и мускулите, а добивате флексибилност, еластичност и многу позитивна енергија.
Дали каратето е скроено за вас?
Понекогаш колку и да сакаме да се занимаваме со одреден спорт, постојат услови што не можеме да ги задоволиме. Најчесто причините се од финансиска природа, но може да бидат и од здравствена или од недостиг на време.
За да видите колку каратето како спорт може да се вклопи во вашата дневна рутина, следете ја листата:
|
Делови што се активираат: |
Сите мускули на телото, а најмногу оние на екстремитетите. |
|
Позитивни ефекти: |
Цврстина, сила, флексибилност, баланс, координација, енергија. |
|
Изгубени калории: |
За едночасовен тренинг се губат од 680 до 907 калории. |
|
Потребна опрема: |
Специјална облека, кимоно и појас. Вежбите се прават без обувки. |
|
Времетраење на тренингот: |
Од 45 до 90 минути, најчесто двапати неделно. |
Една негативна страна на каратето:
Не е евтин спорт. Карате не може да вежбате сами дома. Тоа значи дека мора да посетувате часови кај карате-мајстор. Месечните цени се движат од 800 до 1.200 денари. Но, трошоците не завршуваат тука. Речиси сите карате-клубови практикуваат вежбање во кимоно и носење бел, зелен, црн...појас во зависност од степенот.
Слични текстови
- 24/11/2009 - Танц, вистински спорт за жени
- 17/11/2009 - Со "генералка" до цврсто тело
- 10/11/2009 - 3 причини зошто вежбите со топка се топ
- 03/11/2009 - Градинарството е одлична фитнес-вежба
- 27/10/2009 - Со степување до помалку калории!
- 20/10/2009 - Стандарден кикбокс за жени
- 13/10/2009 - Аква-фитнес
- 02/10/2009 - Со вежби до секси нозе
- 27/09/2009 - Најголемите фитнес-грешки
- 22/09/2009 - Подготовка за јога-тренинг


























jas treniram aikido i veruvale ili ne,ni aerobik,ni fitnes,ni trcanje po 5km dnevno,ni vozenje tocak po 30km dnevno ne me umoruva kako ova:)))...inaku praktikuvaatvezbanje vo kimono posle edna godina,izborot pagja na osobata sto vezba,a kimonoto e podebelo od trenerki pa padovite kolku tolku se ublazuvaat...zatoa:)))
pozdrav golem:)