Дали сте задоволни од изгледот на својот задник? Повеќето од девојките не се. Многу мал, многу голем, со стрии, со целулит, мек, широк, смачкан... да ве прашаме, сигурно ќе смислите уште тон епитети за својот задник. Освен пластична операција и вежби не постои друга опција за решавање на проблемот со задникот.
Секако дека ние претпочитаме добро да се испотите а не да се изложувате на ризик при операцијата. Со вежбите, освен задникот, корист ќе има целиот организам вклучувајќи го и мозокот.
ЧУЧНИ - СТАНИ, ВИ ЗВУЧИ ПОЗНАТО!
Ова е најдобрата вежба што можете да му ја приредите на својот задник. Освен задникот, корист ќе имаат колковите и бутините. Постојат неколку начини да ја изведете:
Со помош на столСтолот е одличен за почетниците. Ќе имате увид за положбата на телото, висината, а во случај да изгубите рамнотежа, ќе имате на што да се потпрете.