
Нема потреба да се сомневате од ползата што ќе ја имате на располагање при вежбањето зиме. Особено ќе се израдуваат диеталците кога ќе чујат дека при спортувањето во зима се користи повеќе енергија, а тоа значи согорување поголем број калории. Потрошената енергија ќе го подобри и квалитетот на зимскиот сон.
Редовното вежбање е добро бидејќи го подобрува целиот имунолошки систем, а тоа особено е пожелно во зима кога организмот е изложен на настинките и вирусите. Но и тука има еден трик, ако не вежбате заштитени, ризикувате да се разболите.
- Загревањето е секогаш пожелно, но во студените месеци од годината треба да биде задолжително бидејќи температурата на телото е пониска.
- Истото важи и за истегнувањето. Мускулите се ладни, згрчени од студот и треба убаво да се истегнат пред да почнете со напорниот тренинг.
- Не заборавајте да ставите хидратантен крем на лицето, на дланките, маст на усните, бидејќи студот ќе си го направи своето со нежната кожа.
- Не значи дека ако е ладно не треба да пиете вода. Не треба да биде ладна, но водата е задолжителна за да не настане дехидрација на телото што и онака губи вода.
- Луѓето што страдаат од астма, во зимскиот период се изложени на поголем ризик од напади, затоа задолжително треба да го носат инхалаторот со себе.
- Ако правите пауза со вежбањето, не смеете да останете со испотени алишта на себе бидејќи веднаш ќе настинете. Тоа значи дека е подобро краток тренинг и веднаш дома.






































