СОВЕТ: на организмот му е потребно време додека да свикне на промената, но дефинитивно нема да ве остави без резултати. После секој тренинг заборавате на гледање во огледало. Месец дена игнорирајте го вашето тело. По туширањето веднаш облечете се, не набљудувајте го телото секој ден. Само така ќе си олесните, а денот кога ќе бидете задоволна од себе си ќе дојде побрзо отколку што очекувавте.
ПРИЧИНА ЗА НЕУСПЕШЕН ТРЕНИНГ: освен фитнес-грешките за кои веќе зборувавме, причина за неуспешниот тренинг се и неефикасните вежби. Се прашувате како може некоја вежба да биде неефикасна? Изведување на некои вежби не само што може да го забави резултатот, туку може да предизвика и сериозна повреда. Еве за што станува збор:














































