ОБИЧНИ ТРИКОВИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ:
Ако вашето работно место е со седење, практикувајте да станувате и да се размрдате по неколку минути. Наместете си потсетник кој ќе ве предупредува дека треба да направите растегнување. Ако немате каде на друго место, одете барем до тоалетот или до другата канцеларија.
ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА...?
- Вашиот грб може да се оштети при кашлање и кивање. Сите неправилни потези и несоодветното дигање товар претставува ризик за вашата половина и грбот. Исто како и долготрајното задржување во крива положба додека седите или стоите.
- Доколку некој дел од вашиот грб е изместен или истегнат(не сериозна повреда)земете лед за да го намалите отокот, грчевите во мускулите и болките во текот на првите 24 до 48 саати по повредата.
- По 48 саати од повредата немојте да користите лед, туку топлина. Топлината го отпушта измореното ткиво
- Доброто држење на телото е еден од најдобрите начини за избегнување на искривениот грб.
- Кај само 5% од луѓето кои имаат болки во грбот мора да се интервенира со хируршки зафат, откако претходно пациентот пробал да се лечи со лекови и физикална терапија.

















































