Дали знаете дека научно е докажано дека жените што вежбаат во текот на бременоста полесно и побезболно се породуваат за разлика од оние што не биле физички активни? Еве ја логиката - физичката активност ги подготвува мускулите и карлицата да ги изведат контракциите, правејќи ги крајно флексибилни.
Unique реалност
За тоа колку е безбедно и пожелно спортувањето за време на бременоста, ќе прочитате во новиот број на Unique што ќе го најдете на секоја трафика. Внатре ќе најдете и 6 ТОП ВЕЖБИ ЗА ТРУДНИЦИ.
Доколку имате здравствени проблеми од било каков тип или се соочувате со патолошка бременост, тогаш вежбите ви се забранети. Но, не смеете сами да донесувате пресуда за тоа дали смеете или не смеете да вежбате. Правилото е исто за сите трудници, консултација со лекар пред да почнете да се занимавате со било каков спорт.
Лекарите најчесто препорачуваат пешачење, лесен аеробик, вежби за истегнување или јога, а и пилатесот влегува во игра. Внимавајте да не огладнувате, а во никој случај не смеете да дехидрирате или да се преморите до степен да не можете да ја смирите работата на срцето.
За да го дополниме репертоарот со вежби, покрај оние од Unique, практикувајте ги и следниве пилатес вежби:














































