
Бидејќи никој не може да земе и да вежба наместо вас, така не мора и никој да ви каже колку и кога да вежбате.
Па, и јас да имав толку слободно време и личен тренер ќе изгледав така"- ви звучи познато? Ова го кажува секоја жена кога на телевизија ќе види згодна и атрактивна актерка, а два пати постара од неа. Навистина ретко кој може ова да си го дозволи, но факт е дека тренерот не е гаранција дека ќе бидете во топ форма. Сигурно не клекнува тој наместо вас, да прави стомачни и да се поти. Затоа ако сакате да почнат да ви завидуваат на вашата става, станете си сопствен тренер.
Што е подобар личниот тренер од вас?
Во ништо не е подобар, само што тој заработува да земе и да ве мотивира и бодри додека вежбате. Вистина е дека тоа многу помага, особено во деновите кога не ви е до вежбање. Болката и напнатоста во мускулите влијаат на желбата за мачење. А, секој би станал од кревет, кога некој човек полн со енергија и ентузијазам, доаѓа и ве тера на тоа. Од старт ќе ви ја пренесе добрата енергија и ќе заборавите на болката и уморот.
Како да станам добар тренер на моето тело?
За да не завршите критикувајќи се себе си, поставувајте си ниски цели. Бидете реални, само вие можете да процените колку сте способна да издржите. Не се залажувајте дека ќе симнете 5 кила за 5 дена, ако ви е тоа целта. За почеток многу подобро звучи, 30 минути вежбање. Ова е изводливо и за почетник, а на задоволството од исполнувањето ќе му нема крај.
Како да си ја испланирате програмата?
Најважно е прво да си поставите цел. Откако точно ќе прецизирате, без претерување, што сакате да постигнете на ред е дневната програма. Пред да одредите кога и колку ќе вежбате, постојат неколку правила кои е добро да ги запазите:
1 правило- вежбајте онолку колку што сте физички подготвени. Ако претерувате брзо ќе се откажете, ако програмата е премногу лесна нема да имате резултати.
2 правило- водете дневник. Запишувајте колку време трае тренингот, кои и по колку вежби правите. Така ќе имате увид и ќе знаете кога е време да ги зголемите.
3 правило- образувајте се. Прочитајте или погледнете некое фитнес видео, за да знаете дека правилно ги изведувате вежбите.
4 правило- набавете опрема. Тука спаѓа спортска облека, квалитетни патики и најважно од се инспиративна музика.
5 правило- не се плашите да правите промена во планот. Нема никој да ве казни за тоа ако едноставно така повеќе ви одговара.
6 правило- наградувајте се. За секој видлив резултат давајте си награда. Ако уживате во сладолед, слободно изедете еден, ако сакате еден ден без вежби, направете си пауза...


















































