se_smesk_vi_krevetЗдравјето и љубовта
Какво е позитивното влијание на љубовта врз здравјето?
boli1Причини и решение за болката при секс
До сувост на вагината обично доаѓа при лоша предигра или поради нарушена хормонална рамнотежа.
pusi1Откажете се од пушењето!
Во првиот стадиум доминира психичката зависност, а во другите 3 стадиуми доминира физичката зависност.
portokalcaЗдравје со витамин Ц
Која доза е доволна за да ги задоволи дневните потреби на современите луѓе?

Медитација – храна за душата

meditation_and_relaxation

Медитацијата се прави во избран агол, што е апсолутно чист и посветен.

ЗОШТО ТРЕБА ДА МЕДИТИРАМЕ?

Тезата дека мажите се посилниот пол дефинитивно не важи. Ретко кој маж е во состојба да истрпи болка, обврски, стрес...колку што може да поднесе една навидум слаба жена. Ако вашите денови се бурни, ако минутите наменети за одмор повторно се окупирани со безброј мисли што ве мачат, тогаш време е за умствена релаксација. Внатрешен мир и блаженство тешко се постигнува. Вие можеби мислите дека сте релаксирани, а потребен е мал шум и вашите нерви почнуваат да работат и мозокот повторно се активира. Ако сте постојано незадоволни и потајно депресивни, медитацијата е единствениот начин за да постигнете физичка и психичка хармонија.

КАКО СЕ ПОЧНУВА СО МЕДИТАЦИЈА?

Велат дека пред да почнете со медитирање потребна е доза на инспирација. Дали тоа ќе биде книга или некој човек со искуство, сеедно, целта е да се препознаете во вештината и да посакате да ја пробате. Вежби за медитирање и за тоа како се медитира секаде ќе сретнете, но за почеток не треба да се заморувате со обиди. Сосема е доволно, 5 минути во денот да се обидете да бидете тивки и мирни и да му се посветите на внатрешното битие. Редовноста е најважна од се, нема фајде ако правите вежби како ќе ви текне.

УСЛОВИ ВО КОИ СЕ МЕДИТИРА...

Медитацијата се прави во избран агол, што е апсолутно чист и посветен. Пред да започнете со  медитација, слично како и кај јогата, препорачливо е да се искапете и да носите светла облека. Доколку не сте во состојба да се избањате, тогаш измијте го само лицето. Медитацијата најубаво се прави соло во комбинација со миризливи стапчиња, свеќа или свежо цвеќе.

20
минути медитација во денот, го намалува излачувањето на кортизолот - хормонот на стрес

ВЕЖБИ ЗА ПОЧЕТНИЦИ...

За овие вежби не е потребна некоја техника за изведување. Но ако сакате длабоко да навлезете во принципите на медитацијата и вистински да почувствувате блаженство и среќа, тогаш навистина ќе морате да посетувате часови. За почеток ви се потребни навистина идеални услови што ретко кој ги има дома.

ВЕЖБА ЗА ПРАВИЛНО ДИШЕЊЕ:

Седнете удобно, затворете ги очите и вдишувајте полека и длабоко низ носот. За да се изведе правилно оваа вежба, треба при секое вдишување да почувствувате дека ви се наполнил стомакот.

Потоа издишете полека низ уста.

Продолжете вака, сконцентрирајте се притоа на секое вдишување и замислете како дишењето го исполнува вашето тело со енергија.

При секое издишување замислете како се ослободувате од сите напнатости и грижи.

ВЕЖБА ПРОТИВ СТРЕС:

Седнете удобно и дишете нормално. Притоа замислувајте си дека зад себе ги оставате училиштето или работата, станот, куќата или стресната ситуација со која моментално треба да се справите.

Продолжете да замислувате сè додека да стигнете до широко поле над кое се простира бескрајно сино небо. Со мислите одете низ полето додека дојдете до еден рид.

Кога ќе се искачите на ридот, тој ќе стане планина и конечно искачете се на врвот. Седнете таму и погледнете го светот што се простира под вас. Полето ќе ви наликува како мала зелена точка. Од едната страна е подигнат град голем колку играчка, со луѓе кои се големи колку мравки.

Останете на врвот и уживајте во синото небо и облаците, сè додека не се почувствувате опуштено и додека не сте подготвени да излезете од медитацијата.



 
Unique-avgust
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Прифатете ги денешните предизвици со храбри нови идеи, знаете дека го имате она што е потребно и најмалку еден клучен играч сака да ве чуе. Говорете!  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Ова не е најдоброто време за да влегувате во нешто многу сериозно, особено ако вклучува документација и потписи. Одложете барем за еден ден и разговарајте за деталите.

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Вашиот интелект е во фокусот денес и ќе можете да се справите со сите тестови и предизвици на патот. Не срамете се, отворено кажете им на другите да ве слушаат.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Обидете се да се релаксирате, дури и кога работите стануваат густи. Ќе откриете дека енергијата ви е подобро потрошена на смирени проекти, отколку на стресни ситуации.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Треба да ја запишете денешната инспирација веднаш штом ќе ви дојде бидејќи сигурно ќе има некои пречки кои ќе следат. Искористете што имате при рака за да ги снимите вашите мисли.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Треба да бидете повнимателни денес, особено во односот со најблиските. Тие не се против вас, но може погрешно да ги разберете.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Треба да се поврзете со многу луѓе денес, а со тоа и многу проблеми. Одличната социјална енергија ќе ве одржи на вистинскиот пат, а ќе ги насочи и останатите.

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Во искушение сте да направите нешто ризично, но треба да се справите со импулсот и наместо тоа реално да ги разгледате условите за живот. Потрошете ја енергијата на проекти кои не бараат многу внимание.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Комплетно сте зафатени и концентрирани, па и подготвени за се што ќе ви дојде на патот. Навистина е добро време да истапите и да им кажете на луѓето дека сте тука за нив.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Се чувствувате многу подобро во врска со проблемот кој ве мачи со недели или дури и подолго. Всушност, оваа нова јасност на мислите ќе се префрли и на другите ваши проблеми, па добро погледајте!

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Ја чувствувате жештината на еден или друг начин, но тоа е добро! Вашиот љубовен живот ќе биде навистина исполнет, а некој ќе гледа на вас со ширум отворени очи.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Поезијата ве мами денес, а метафорите во комуникацијата ќе ви бидат најдобрите алатки. Тоа може да значи дека некои не ве сфаќаат, но тоа е нивна загуба, не ваша.

04-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Снегот ме прави...