
Седењето не само што предизвикува болки во грбот, туку го слабее и задникот!
Професионалните ангажмани на луѓето се почесто се поврзани со седење. Недостатокот на време пак, оневозможува да се направи баланс во организмот преку спортување. Најголемите последици од седењето се чувствуваат на задникот. Задникот е мускулест орган со помош на кој ги правиме сите движења, а неговата неактивност се манифестира со болки во грбот и колковите.
ЗНАЦИ ЗА СЛАБ ЗАДНИК...
Визуелна атрофија - станува збор за недостаток на мускулно ткиво на задникот. Кај многу лица се забележува недостаток од мускулна маса во тој дел на телото. Понекогаш конкавноста се појавува на места каде во нормални услови би требало да постои конвексност на мускулното ткиво.
КАКО ДА ПРОВЕРИТЕ ДЕКА ИМАТЕ СЛАБ ЗАДНИК?
Обидете се да ги стегнете мускулите на задникот додека сте во лежечка положба, доколку не можете тогаш веќе имате проблем.
Легнете на грб, ставете ја раката под задникот и обидете се да ги згрчите мускулите на задникот. Доколку не сте во состојба да постигнете силна концентрација, значи дека имате проблем.
Уште еден начин за да проверите дали имате слаб задник е преку вежбата позната како мост. Легнете на тврда и рамна површина (на под), свиткајте ги колената и држете ги стапалата залепени за под. Подигнете ја карлицата во вис, префрлувајќи ја целата сила на стапалата. Останете во таква положба 10 секунди. Доколку имате слаб задник, ќе почувствувате грчеви во тетивата или во задниот дел од нозете.
ШТО АКО ВЕЌЕ ИМАТЕ СЛАБ ЗАДНИК?
Слабиот задник се решава само со вежби. За почеток почнете со наједноставни вежби, а потоа можете и да почнете да практикувате и спорт на справи. Програмата започнете ја со едноставно грчење на задникот. Без разлика дали седите или стоите, а можете и додека сте на работа, згрчувајте ги мускулите на задникот и држете неколку секунди. Ова е одлично загревање за закржлавениот задник.
Слични текстови
- 17/03/2010 - Медитација – храна за душата
- 08/02/2010 - 7 превентивни трикови за болките во грбот
- 06/02/2010 - Лизгање на мраз
- 21/01/2010 - 4 најнеефикасни вежби
- 14/01/2010 - Разбудете се наутро на време!
- 08/01/2010 - Постпразнична депресија
- 29/12/2009 - Нордиско скијање
- 21/12/2009 - Вежбање во зимски услови!
- 16/12/2009 - 1 ДЕЛ: Вежби за на снег
- 09/12/2009 - Најефикасна вежба за задник!


























