napredНашите 7 омилени плода
Можеме да се пофалиме дека нашата земја располага со квалитетни овошја и зеленчуци.
aronia_1Аронија – зрнесто овошје со многу витамини
Колкава е вредноста, кои се лековитите својства и како се консумира ова овошје на Индијанците?
42-22011978Црвено V.s Бело вино
Дали и белото вино е добро за срцето како и црвеното?
debiЗдрав режим со диетална исхрана
Изоставете ги потполно чорбите и супите, а особено ако содржат маст и брашно.

Спорт - лек за 7 болести

se_istegnuva

Енергичното пешачење еден час дневно, ги намалува шансите за дијабетес тип 2 за цели 34%.

Што ако ви кажеме дека вежбањето ќе ве направи послаби, поздрави и ќе го продолжи вашиот живот! Доволен мотив за да почнете со вежбање уште денес! Истражувањата покажале дека било кој спорт на било која возраст е корисен. Колку повеќе часови спорт тоа подобро. Ако зборуваме за минимум, тогаш еден час дневно е сосем доволно. Што не значи дека треба да вежбате без престан 60 минути...и тоа време може да го распоредите за неколку активности (пешачење, трчање, возење велосипед и слично).

Најчест мотив за вежбање се килограмите, но малкумина луѓе знаат дека вежбањето го намалува ризикот и ја подобрува ситуација на веќе болните од:

СРЦЕ - секојдневните физички активности го зајакнуваат срцевиот мускул; го намалуваат крвниот притисок; го покачуваат добриот холестерол (HDL); го намалуваат лошиот холестерол(LDL); ја подобруваат циркулацијата; ја подобруваат функцијата на срцето.

Истражувачкиот тим од Универзитетот Duke, велат дека количината на физичка активност, за разлика од интензитетот, најмногу влијае во подобрување на состојбата со високиот холестерол.

МОЗОЧЕН УДАР - водејќи се од анализите на вкупно 23 истражувања, истражувачите официјално потврдија дека физичката активност го намалува ризикот од добивање удар, а ги зголемува шансите за преживување кај веќе доживеан мозочен удар. Според студијата објавена во магазинот Stroke, физички активните луѓе имаат 20% помали шанси за удар за разлика од пасивните.

ДИЈАБЕТЕС ТИП 2 - лошата вест е тоа што бројот на заболените од дијабетес тип 2 рапидно се зголемува. Општо е познато дека физичката активност помага во намалување на телесната тежина, а со тоа помага во превенцијата и контролата на болеста. Намалената телесна тежина ја зголемува чувствителноста на инсулинот, го намалува шеќерот, холестеролот и крвниот притисок - особено важно за болните од дијабетес.

Во студијата на Frank Hu, професор на Харвард, се вели дека енергичното пешачење еден час дневно ги намалува шансите за дијабетес тип 2 за цели 34%.

ГОЈАЗНОСТ - здравата исхрана и вежбањето се најголемите непријатели на калориите. Физичката активност помага во редуцирање на масните наслаги и зголемување на мускулната маса, а со тоа ја подобрува способноста на телото да согорува калории. Запомнете, намалувањето на индексот на телесна маса е сигурен начин за да го редуцирате ризикот од болестите поврзани со вишокот телесна тежина.

БОЛКИ ВО ГРБОТ - болките во грбот значително се намалуваат преку соодветна фитнес програма која најчесто вклучува истегнување, затегнување и флексибилност на мускулите на грбот. Силниот абдомен и правилното држење на телото се најдобра одбрана од болките на грбот и половината.

ОСТЕОПОРОЗА - вежбите наменети за согорување калории (пешачење, џогирање, танцување, дигање тегови) влијаат во зацврстување на структурата на коските. Жените во менопауза носат најголем ризик да заболат од остеопороза, од тие причини им се препорачува спортување и храна богата со калциум и витамин Д.

Според истражувањето на American Medical Association, жените кои пешачат 4 или повеќе часа во неделата, имаат 41% помали шанси да заболат од остеопороза за разлика од оние пешачат помалку од еден час.

ДЕПРЕСИЈА - за време на вежбањето, телото ослободува ендорфин кој влијае на подобрување на расположението. За време на тренингот се јавува чувство на еуфорија придружено со енергичен изглед. Вежбањето е проверена метода за намалување на стресот, анксиозноста и депресијата.



 
Unique-avgust

Error: Any articles to show

11-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)