
Кревајте ги теговите побавно и ќе успеете да согорите повеќе калории.
Постојат толку многу правила кога станува збор за здравата исхрана, диетите и вежбањето. Невозможно е сите правила да се почитуваат. Треба екстремно да бидете внимателни за тоа какви активности ќе преземете доколку сакате да имате здрав живот или да намалите некој килограм. Ние разоткривме неколку митови на кои повеќето луѓе веруваат, но вистината е сосема различна. Погледнете кои работи воопшто нема да ви помогнат да дојдете до вашата цел.
МИТ 1: КАРДИО ВЕЖБИТЕ СОГОРУВААТ ПОВЕЌЕ КАЛОРИИ ЗА РАЗЛИКА ОД КРЕВАЊЕТО ТЕГОВИ
Според истражувањата, учесниците кои вежбале со тегови и оние кои трчале за време од 30 минути согореле исто калории.
МИТ 2: ЦЕЛУЛИТОТ НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАМАЛИ СО ВЕЖБАЊЕ
Целулитот е всушност масно ткиво кое со вежбање и со здрава исхрана може да се намали. Ако накачувате килограми, за жал и целулитот ќе се зголеми.
МИТ 3: УТРОТО Е НАЈДОБРО ЗА ВЕЖБАЊЕ
Најдобро време за вежбање се попладневните часови. Вежбајте од 16 до 18 часот затоа што тогаш телото има најмногу сила и ќе согори повеќе калории.
МИТ 4: АКО ДИГАТЕ ТЕГОВИ ПОБРЗО ЌЕ СОГОРИТЕ ПОВЕЌЕ КАЛОРИИ
Всушност спротивното е попродуктивно. Правете ги вежбите побавно и ќе согорите многу калории и ќе ги оформите мускулите.
МИТ 5: ИСТЕГНЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ПОЧНЕТЕ ДА ТРЧАТЕ
Според истражувањата не е точно дека ако не се истегнете пред трчање, можно е да се повредите. Повеќето спортисти имаат изјавено дека баш додека се истегнувале, се повредиле.


















































