
Одлична замена за тегови, се 2 мали шишиња наполнети со песок. Така многу полесно ќе можете да ги симнете килограмите и да ги намалите внесените калории.
Сакате да ги намалите килограмите, а притоа немате време за секојдневното одење во теретана?
Добро решение е пешачењето! Месечно ќе намалувате по 3 килограми доколку 3-4 пати неделно пешачите по 45 минути.
Пешачењето има многу позитивни страни. Како и секој спорт, за видливи резултати, треба постојано да го вежбате. Искусните фитнес тренери препорачуваат неделно да се пешачи по 4 пати со времетраење од 45 минути.
Но, кога велиме пешачење, не мислиме на секојдневното одење до работа, на кафе...
Со овој вид на пешачење, треба да имате цврсти потези со рацете и нозете. Не само што ќе ги губите килограмите, туку исто така ќе го зајакнете срцето и белите дробови, а воедно и расположението.
Неколку правила за спортско пешачење:
- Сменете ги навиките. Кога одите на работа, паркирајте подалеку и останатиот пат изодете го. Каде што можете, одете пешки. Наместо лифт, користете ги скалите.
- Движете се по различни површини: низ шуми, на планина, ридови, рамнини. Резултатите ќе ги забележите за брзо време, а телото ќе биде позатегнато.
- Главата и рамената треба да ви бидат опуштени, а со рацете мрдајте повеќе за да го вклучите целото тело во процесот на пешачење, за полесно да согорите што повеќе калории.
- Одете брзо па потоа променете го начинот на пешачење.
- По некое време, започнете да кревате тегови. Одлична замена за тегови, се 2 мали шишиња наполнети со песок. Така многу полесно ќе можете да ги симнете килограмите и да ги намалите внесените калории.
- Одете брзо за да се испотите, а не да го изгубите воздухот кој го дишете. Најдобро темпо е она, во кое во исто време можете да пешачите и да разговарате со некој близок.
- Пред пешачењето, убаво загрејте се! Секако не треба да заборавите на загревањето на вратот, зглобовите, колената...
.gif)






















.gif)























