
Повторување на истите вежби одново и одново е една од најчестите грешки. Затоа, комбинирајте различни типови вежби.
Имате желба и сакате да започнете да вежбате. Мислите дека се е во ред се додека не почнете да правите грешки за кои се уште не сте свесни. Некои работи едноставно мора да ги отстраните доколку сакате да постигнете видливи резултати.
Што треба да направите за да ги избегнете фитнес грешките?
Загревајте се
За почеток издвоите време за загревање. Доволни се 5 минути. Одберете лесен џогинг или брзо одење. Не заборавајте да се истегнете по секоја вежба за да го вратите срцето во состојба во која било пред тренингот по природен пат.
Направете план
Вежбање без претходно направен план е исто како да тргнете на патување со кола без бензин. Ако сте во можност, вежбајте во фитнес-центар каде што личен тренер ќе направи специјален план само за вас. Тој ќе го следи вашиот напредок, ќе ги поправа грешките, а по извесно време кога ќе ги научите вежбите ќе можете сами дома да ги правите истите.
Вежбајте различно
Повторување на истите вежби одново и одново е една од најчестите грешки. Затоа, комбинирајте различни типови вежби. Тоа ќе ве одржи мотивирани, а резултатите нема да изостанат.
Правете ги вежбите за затегнување
Никогаш не заборавајте да ги правите вежбите за затегнување. Колку и да ви се чини тешко, ако веќе сте решиле да се затегнете, мора да ги комбинирате кардиовежбите како трчање, одење и возење велосипед со некоја справа или тегови. Вежбите за затегнување исто така помагаат во одржување на витката линија и кондицијата.
Не се споредувајте
Поставете си реална и остварлива цел. Никогаш немојте да се споредувате со славните манекенки затоа што се работи за вас, а не за нив. Најдете техника на вежбање што ќе ви одговара вам, нешто во што ќе се пронајдете и ќе уживате, затоа што тоа, покрај упорноста, е услов за успех.
.gif)






















.gif)























