
Повеќето луѓе претеруваат уште од самиот почеток. Затоа внимавајте и не се напрегнувајте премногу.
Не е доволно само да започнеме да правиме некакви вежби и да мислиме дека премногу лесно ќе го постигнеме посакуваниот ефект.
Треба да имаме направено посебен план кој ќе не мотивира постојано да правиме вежби и нема да не натера во ниту еден момент да помислиме да се откажеме од истите.
Какви се препораките од стручните лица?
Поставете си цел
На пример,направете план да вежбате 20 минути, три пати неделно. И не заборавајте редовно да си запишувате колку сте вежбале.
Потсетувајте се
Термините за вежбање во вашиот календар нека бидат важни како сите останати. Не го прескокнувајте вежбањето само затоа што имате некоја друга обврска.
Наградувајте се (но не со храна)
Секој пат кога ќе постигнете одредена цел, наградете се со филм,масажа или педикир, а не со храна.
Инвестирајте во чевли за вежбање
Погрижете се да најдете чевли кои ќе бидат удобни, а такви навистина добар пар чевли може да најдете во спортските продавници.
Исто така не заборавајте да ги менувате чевлите. Идеално време за менување е на секои 3 до 6 месеци.
Најдете друштво
Кога некој зависи од вас и се залага за истите цели како и вие,тоа ве мотивира. Тоа не само што го олеснува вежбањето туку и го прави по забавно.
Започнете полека
Повеќето луѓе претеруваат уште од самиот почеток. Затоа внимавајте и не се напрегнувајте премногу.
Пешачете
За некои најлесна вежба е пешачењето. Ако ова е полесно и за вас, тогаш каде и да одите, движете се.
.gif)






















.gif)























