
Внесувајте промени во начинот на вежбање на секои 6-8 недели (понекогаш е пожелно и поскоро). Не смеете да дозволите вежбите да станат чиста здодевна рутина.
Сите понекогаш мечтаеме да немаме никакви проблеми со килограмите, да имаме беспрекорно тело и да не внимаваме што јадеме.
Но, не секогаш го добиваме она што ќе го посакаме. Иако имате вишок килограми, немојте да мислите дека нема спас за вас.
Што треба да направите за да изгубите килограми и тоа на брз начин?
Консумирајте млечни производи
Лицата кои внесуваат калциум во исхраната губат дури 70% повеќе од вишокот на килограми и 64% повеќе масти, за разлика од оние кои се концентрираат само на калориите.
Менувајте ги вежбите
Внесувајте промени во начинот на вежбање на секои 6-8 недели (понекогаш е пожелно и поскоро). Не смеете да дозволите вежбите да станат чиста здодевна рутина.
Концентрирајте се
Понекогаш можете да започнете со вежби за слабеење, а да не бидете свесни за нивното дејство врз вашето тело и здравје. Затоа, обрнете внимание на она што го работите. Сите вежби бараат голема концентрација. Сконцентрирајте се и резултатите ќе ги забележите за брзо време.
Џвакајте
Џвакањето гума за џвакање ја зголемува енергијата па затоа сите лица кои барем еден час во текот на денот џвакаат гума за џвакање, внесуваат помалку калории за ручек. Тоа се случува поради тоа што не чувствуваат глад во текот на денот и трошат 5% од вкупниот број на калории.
Дозволете си го забранетото
Не значи дека ако сакате да ослабете, не смеете да ја јадете омилената храна, која е обилна со калории. Можете да си ја дозволите, но тоа не треба да биде постојано.
Кај луѓето владее она „доколку ослабам неколку килограми, ќе се наградам со мојата омилена храна". Слободно можете да го правите тоа и да уживате во храната, но внимавајте на внесената количина и не го правете тоа постојано.
.gif)






















.gif)























