
Основно правило е да не тренирате кога имате температура или било какви симптоми на настинка.
Умерено вежбање
Но понекогаш сте на некоја граница меѓу здрави и болни. Ако кивате или малку кашлате може да тренирате, но сепак полека.
Основно правило е да не тренирате кога имате температура или било какви симптоми на настинка. А ако сте биле настинати и уште само малку кашлате тогаш е дозволено умерено вежбање.
Ако имате главоболка во вид на напон, може дури и да биде добро да вежбате затоа што забрзаната циркулација во вратот и рамениците влијае да попушти главоболката.
Телото кое се изложува на физички напор кога се бори со некоја инфекција нема снага и доволно енергија да ги издржи двете. Тоа му дава предност на природниот имунитет за одбрана од инфекцијата и тоа го влошува ефектот на тренингот. Имунитетот е оптоварен од физичкото напрегање и потешко се брани од заразата.
Ризик од воспаление на срцевиот мускул
Нешто најсериозно што може да ви се случи додека вежбате болни е да добиете воспаление на срцевиот мускул. Тоа ви го забавува отчукувањето на срцето и може да настане трајно телесно нарушување, а во некои екстремни случаи да дојде и до смрт.
Иако постои ризик некои луѓе сепак земаат многу апчиња да ја симнат температурата и одат на фитнес или бодибилдинг. Симптомите ги ублажуваат, но тие и онака се само црвено предупредувачко светло, а инфекцијата сепак им е во телото.
Многумина мислат дека е подобро да тренираат наместо да трчаат, но не е. Кога тренирате не се задишувате на истиот начин како кога трчате или правите друга ниско интензивна врста на тренинг. Но го изложувате срцето и мускулите на изненадни напрегања и силен проток на крв. Тренирањето започнува активности во мускулите кои можат да траат и до неколку дена и да му попречат на одбранбениот имун систем.
.gif)






















.gif)























