
Жените, кои имаат мало ниво на витамин Д имаат вишок на масти во мускулите.
Фитнесот овозможува фантастична можност за одржување на здравјето на телото и духот. Фитнесот пред се е стил на живот кој доведува до одлично здравје, живот и привлечен изглед.
Користењето на чудесните можности кои што се предлагаат при правилните тренинзите, вклучувајќи го потребното хранење и потребните одмори се позитивни вибрации за вашето добро здравје.
Запомнете ги добро овие 4 фитнес заповеди:
Внесувајте течности!
Дехидрирањето ја нарушува рамнотежата на електролитите во организмот притоа предизвикувајќи грчеви.
Се препорачува внесување на 0.6 литри вода непосредно пред физичката активност и да се внесуваат 0,2 литри на секои 15 минути во текот на вежбањето.
Истегнете се!
Застанете и бавно истегнете го болниот дел од телото во времетраење од 20 до 45 секунди или додека болката сосема не исчезне. Со истегнувањето згрчениот мускул се враќа во нормалната положба.
Консумирајте протеини!
Лицата кои внесуваат 18 грама протеини, пред вежби со подигање на тежина, обично согоруваат многу повеќе калории следниот ден, во споредба со лицата кои консумираат јаглехидрати. Повеќе протеини значат побрзо регенерирање на мускулите и поголем број на согорени калории. Тоа се вистините за вежбањето!
Внесувајте витамин Д!
Жените, кои имаат мало ниво на витамин Д имаат вишок на масти во мускулите, според една студија објавена во весникот Клиничка Ендокринологија и Метаболизам. Ова можеби претставува и главната причина поради која кај овие жени има помала мускулна маса, во споредба со жените кои имаат нормално ниво на витамин Д. Препорачаната дневна доза за внесување на овој витамин изнесува 800 до 1000 ИЕ дневно според еден универзитетски професор на МекГил.
.gif)






















.gif)























