zimataКако да не качите килограми оваа зима?
Викендот направете здрав оброк кој може да се консумира и сервира во текот на неделата.
jade_ovosjeСлабејте на здрав начин- полека но, сигурно
Кога станува збор за диета, телото сака мали но, ефикасни промени.
kako_da_go_zajaknam_imunitetotКако да го зајакнам имунитетот - 2 дел
Одговорот Ви го носи нутриционистот на Виталиа, заедно со сет производи.
pie5Дејството на алкохолот врз вашето тело
Последниот стадиум би била појава на цироза на црниот дроб, па дури и хоспитализација.

Прошетка на Водно во 13 потези – бесценето!

vodno1

Погледнете го градот од птичја перспектива и уживајте во него од друг агол.

Вежбањето во затворена просторија ве излудува, а и диетите и не ви се баш омилени. Како тогаш да го одржите вашето тело во форма? Физичка активност која ви причинува задоволство. Овој викенд или уште утре, ако не сте на работа, појдете на Водно!

Ќе ги раздвижите сите мускулчиња на вашето тело, ќе дишите чист воздух, ќе уживате во глетката, ќе се забавувате среќавајќи познаници нагоре и што уште не. Зар ова не е доволна причина?

Земете го под рака партнерот или најдобрата пријателка и тргнете во поход.

Употребете го зафрлениот ранец или некоја поголема торба и во неа ставете вода, сок, па можете дури и кафе во термос.

Задолжително купете си нешто лесно за јадење, бидејќи долгото пешачење ќе ве направи гладни многу наскоро.

Ако се качувате сами, не заборавајте ги слушалките за вашиот мобилен телефон. Се е позабавно со музика.

Одделувајте време за починка при качувањето нагоре, погледнете го градот од птичја перспектива и уживајте во него од друг агол.

Не мислете на секојдневните проблеми, релаксирајте го мозокот и впијте ја природата.

По пат скинете си едно цветче, зелена слива или гранче кое ќе ви го зајакне чувството на припадност кон планината.

Исклучете го звукот на телефонот и не дозволувајте никому да ви ја расипе оваа совршена хармонија.

Ако сте со партнерот, последно што ќе ви падне на памет нека ви биде да се скарате со него за некоја неважна ситница. На пример зошто не внимавал и ги згазнал вашите нови патики и слично.

Понесете си некоја тренерка на патент која совршено ќе ви се најде горе кога ќе се затскрие сонцето.

Поминете часови и часови тркалајќи се во тревата, каде ќе седнете на некое тенко ќебенце, а не на клупа.

Бидете меѓу последните кои ќе го напуштат овој мал скопски рај.

Кога ќе пристигнете дома подгответе си топла бања и потоа директно облечете си ги омилените пижами и заминете во кревет.

Оваа прошетка ќе ви даде доволно енергија за да ја издржите напорната работна седмица која следи. Ако можете практикувајте го ова секој викенд, телото ќе ви биде благодарно!




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?