
Забавениот метаболизам влијае врз зголемување на килограмите, па поради тоа во никој случај не смеете да ја намалите физичката активност.
Годините одминуваат, а времето остава печат врз вашето тело. Ако веќе се збогувавте со 30-тите години, тогаш прочитајте ги следните совети.
Ако сте во 40-тите
Промени: Влеговте во 40-тите години од вашиот живот и веќе забележувате промени во функционирањето на вашиот организам.
На оваа возраст во просек се губат околу 10 проценти од мускулната маса и поради тоа организмот започнува да согорува помалку калории отколку пред 10 години.
Исто така се наближува, а во некои случаи и веќе пристигнал периодот на перименопауза со што се создава поголема тенденција кон создавање на наслаги околу колковите и половината.
Совет 1: Забавениот метаболизам влијае врз зголемување на килограмите, па поради тоа во никој случај не смеете да ја намалите физичката активност. Потребни се вежби за целиот организам и тоа 2 до 3 пати неделно.
Совет 2: Практикувајте интензивни кардио вежби во времетраење од најмалку 40 минути речиси секој ден во неделата. На тој начин ќе го зголемите бројот на согорени калории, а метаболизмот ќе остане активен дури 19 часа по физичката активност според една американска студија.
Ако сте во 50-тите
Промени: Ако сте во 50-тите години од вашиот живот тогаш веќе знаете дека ова е деценија на транзиција.
Во овој период перименопаузата се заменува со менопауза, а организмот се бори со се „помрзеливиот“ метаболизам. Вистината е дека многу жени се соочуваат со вишок на килограми во 50-тите години од својот живот, но тоа не значи дека е правило, затоа вие треба да се потрудите да ја сочувате витата става.
Совет 1: Во овој период се согоруваат 200 калории помалку во споредба со 30-тите години, па поради тоа ќе биде потребно да се намали количината на оброкот и да се внесе разумно испланирана ужина помеѓу оброците.
Најдобро е да изберете намирници, кои се богати со влакна и вода, со цел да внесете што помал број калории.
Намирниците богати со влакна, како што се интегралните производи и мешунките, го забрзуваат процесот на варење на храната воопшто и ја одржуваат рамнотежата на шеќерот во крвта, бидејќи на влакното му е потребно поголем период за дигестија. На тој начин останувате сити подолго.
Совет 2: Поставете си цел од практикување на умерена физичка активност во времетраење од 60 минути секој ден, а доколку сте премногу зафатени и немате време, тогаш применете ја варијантата на поинтензивно вежбање во времетраење од 30 минути.
.gif)






















.gif)























