
Како на миг да си ја намалите болката или да ја победите таа досадна несоница? Следните 4 трикови можеби ќе ви помогнат во тоа.
Чорапите против несоница
Сигурно и вие сте го слушнале тврдењето на старите луѓе дека доколку ви се топли нозете полесно ќе заспиете. За ова тврдење нема стручно објаснување, но сепак ова се припишува на тоа што доколку стапалата се топли, внатрешната температура на телото се изедначува и на луѓето им е многу полесно да заспијат.
Вежби со лицето против стрес
Силно отворете ја устата, задржете ја така барем 15 секунди. Повторете ја постапката неколку пати. Овие затегнувања и опуштања на мускулите на лицето ќе направи да ви се намали напнатоста околу вратот.
Мраз против забоболка
Утврдено е верувањето дека мразот ги намалува отоците на телото, па дури и во устата. Стоматолозите тврдат дека мразот е ефикасен кај помалку воспалените заби, но кога станува збор за поголемо воспаление и доколку забот е оштетен, тогаш е неопходно одење на стоматолог. Исто така, кај послабо воспалените заби стоматолозите советуваат да ставите малку виски или ракија, а потоа да се обратите кај својот лекар.
Кашлање против болка од инекција
Луѓето кои се плашат од игли тврдат дека кога кашлаат пред и откако ќе ја примат инекцијата воопшто не чувствуваат болка, а тоа го потврдија и истражувањата. Кашлањето предизвикува брз и привремен пораст на притисокот во градите, кои не дозволуваат пренос на болката низ рбетниот мозок, а кашлањето за момент го одвлекува вниманието на пацинетот.gif)






















.gif)























