
Тоа не мора да го правите качени на врвот од планината, можете да прошетате до паркот или да седнете на клупа под сонцето цел час, со затворени очи.
Оваа древна вештина, јога, ќе ве научи како да живеете. Ако не ја практикувате, прифатете ја барем сета мудрост, која таа ја нуди.
Направете ја прво најстрашната работа
Кога работата од која сте се плашеле најмногу, ќе се случи прва, потоа целосно ви олеснува. Без разлика дали тоа е повредената гордост, стравот од неуспех, болка и слично, за преминување на препреката ќе ви помогнат смислата за хумор и храброста.
Раскажете нова приказна за себе
Ќе сфатите дека некогаш премногу цврсто се држите за идеите за себе си, дури и ако не се вистинити или не ви служат. Што ако сакате да се ослободите од овие стеги, а секој ден одново и одново си велитe: Јас сум срамежлива, Не изгледам добро во кусо здолниште, Не сум амбициозна или било што друго. Отворете се за нешто ново, како на пример медитација во зорите и можеби ќе бидете восхитени од новата вистина за себе си.
Доста се спротивставувате, направете простор за игра
Тешко прифаќате промени. Зошто да не се отворите за нови искуства, нови ликови, вегетаријанска храна, поинаков начин на живеење и што уште не?
Кога еднаш ќе го сторите тоа, потоа ќе ви биде лесно како игра. Вашето срце ќе се чувствува широко отворено кон небото и сите ќе забележат како сјаете, а вие ќе го чувствувате тоа.
Паузирајте, рефлектирајте, поставете приоритети
Одите од момент до момент во вашите животи, автоматски преминувате од една мисла, една акција, една задача на наредната. И тоа е одлично, животот тече во најдобар ред, но и најлошо, се чувствувате како машини, кои ги прават движењата секој ден без срце и полн ум.
Лесно е да преминувате од еден во друг ден, без да застанете да го забележите моментот, но ќе се чувствувате толку добро ако си дадете задача да застанете и набљудувате што ви се случувало во животот.
Што е важно за вас? Кој и што има потреба од вашето внимание? Како да го внесете во својот живот она што ви е потребно денес?
Лекот е таму кај што го барате
Можеби е луксуз да идете на јога или во спа центар едно попладне, но закрепнувањето од животот не е луксуз, тоа е есенцијална потреба за да се претворите во себе си.
Тоа не мора да го правите качени на врвот од планината, можете да прошетате до паркот или да седнете на клупа под сонцето цел час, со затворени очи, само чувствувајќи ја слатката топлина. Или затворете ја вратата од спалната, запалете свеќа и дадете си време и простор на себе само да седите и да постоите.
Барајте игра, не совршенство
Вашиот живот на возрасен човек со плаќање сметки на време, правилно работење, пробувањето да бидете најдобрата верзија од себе одзема многу време, но да направите простор за игра и задоволство е навистина важен дел од вашиот живот. Пронајдете ја играта некаде во вашиот работен ден, можеби предизвикот е токму во овој тежок свет да се пронајде забавата. Да не се сфаќаме себе, нашите животи, нашата работа премногу сериозно.
Потонете во сегашноста
Некогаш се претепувате од работа и гледате само што поскоро да го истерате денот, за да ја добиете вашата слободна ноќ или низ неделите, слободен викенд. Но тука има многу исполнетост, и болка и задоволството од животот.
.gif)






















.gif)























