
Добар начин за вежбање е и собниот велосипед, кој во есенските и зимските денови ќе ве заштити до студот.
На вашата коса веќе се појавија седи влакна, но вашиот млад дух никако да запре. Зрелата доба не е пречка за да продолжите со вашите навики за вежбање.
Единственото кое е пожелно е сега е да се фокусирате на оние физички активности кои ќе ја подобрат работата на вашето срце, ќе активираат големи мускулни групи и ќе ве направат пофлексибилни. Прегледот кај вашиот лекар пред започнување со вежбањето е препорачлив.
Истегнете се!
Вежбите за истегнување поради својата едноставност се многу погодни за постарите лица. Можат да се применуваат во било кој дел од денот и во било кое време, а особено после долго седење и стоење, како наутро по спиење.
Вежбите за истегнување ги подобруваат циркулацијата, ја намалуваат мускулната напнатост, ја одржуваат мобилноста во зглобовите и ја подобруваат психичката состојба на постарите лица.
Пешачете во природа!
Пешачењето е идеална активност за постарите лица. Одењето со побрзо темпо е еден од најдобрите и најефикасни облици на физичка активност.
Со него се подобрува работата на срцето, се зголемува тонусот на мускулите и се постигнува релативно добро ниво на телесна мобилност во староста.
Дозволено ви е умерено трчање!
Постарите лица низ постепено, редовно, правилно и умерено трчање може да го поправат квалитетот на својот живот, да го подобрат здравјето и да ја зачуваат функционалната способност.
Трчањето го стимулира развојот на аеробниот капацитет и поволно влијае врз мускулното ткиво и одржувањето на оптималната телесна тежина.
Совети плус: Ако сте обожавател на пливањето, избегнувајте нагло влегување во ладна вода и при несоодветни временски услови.
Добар начин за вежбање е и собниот велосипед, кој во есенските и зимските денови ќе ве заштити до студот.
При собната гимнастика не е пожелно да користите тегови.
.gif)






















.gif)























