
Во позадина пуштете си и релаксирачка музика. Така ќе го игнорирате лаењето на кучето на соседите, звуците од телевизорот од другата соба или ‘рчењето на вашиот партнер.
Веќе подолго време ве мачи несоница, а утрото не можете да станете од кревет? Бессони ноќи и мамурни утра, ако овој хорор е на вашето мени тогаш време е да преземете мерки. Вам ви се неопходни 8 часа сон.
Во продолжение ќе ви дадеме неколку совети за подобар сон.
Пред спиење многу ќе ви помогне ако слушате некоја приказна, особено ако сте ја слушале како мали и ја снимите. Во позадина пуштете си и релаксирачка музика. Така ќе го игнорирате лаењето на кучето на соседите, звуците од телевизорот од другата соба или ‘рчењето на вашиот партнер.
Спијте во темна соба, бидејќи светлината е сигнал дека вашиот мозок треба да се разбуди. Дури и мало осветлување од комјутерот или телефонот преку вашите затворени очни капаци може да допре до мозокот.
Етеричните масла од лаванда или камилица ќе ви го подобрат сонот, па дури и можете да ги помешате со вода и попрскате неколку капки од нив врз вашата перница.
Ако не можете да заспиете првите 15 минути, пробајте со длабоко дишење, но ако е повторно безуспешно, а вас ве фаќа нервоза тогаш е подобро да станете од креветот.
Навечер избегнувајте кафе, чај и се што содржи кофеин. Кофеинот се задржува во телото во текот на 8 часа, па така студеното макијато во 21 часот може да биде причина за вашата несоница. Истото влијание може да го има и храната. Затоа ако сте многу гладни вечерајте најдоцна еден час пред да заминете на спиење и тоа тост, парче немасно сирење, житни зрна, овошје или јогурт без млечни масти.
Многу е важно кога ќе легнете да не размислувате за грижите!
Сигурно и вие имате проблем да се оттргнете од грижите. Во тој случај добро е да си направите план и насочете ги мислите кон решавање на проблемите, така и одморот ќе дојде полесно.
.gif)






















.gif)























