
Побрзајте да го посетите фитнес центарот!
Фитнесот може да биде комбинација од неколку видови на гимнастика кои се применуваат во зависност од целите и издржливоста на организмот.
Најважно е да изберете добра мотивација, односно да ги дефинирате резултатите кои ги очекувате. Во тоа може да ви помогнат вашиот лекар кој ќе ве насочи на кои делови од телото да се фокусирате и фитнес инструктор кој ќе ви одреди индивидуален комплекс на вежби за таа цел.
Мотивација
Основна цел на повеќето девојки е зацврстувањето на мускулите на телото.
Но, фитнесот, како и секој друг спорт, е многу поволен и за психичката стабилност и за целокупното здравје.
Еве ги останатите причини за да почнете да се занимавате со фитнес:
1. Со помош на таканаречените кардио – респираторни вежби се подобрува дишењето и работата на срцето.
2. Со посебни циклуси на вежби се врши обликување, односно затегнување на одделни групи мускули.
3. Ги развива моторните способности (сила, флексибилност и усогласени движења на делови од телото и на целото тело).
4. Зацврстување на коскено – зглобните делови од телото.
5. Редукција на масното ткиво што позитивно се одразува на целата здравствена состојба.
Локација
Фитнес центарот е идеално место за фитнес вежбите, но нив можете да ги применувате и дома , во природа, на плажа.
Едноставно, треба секојдневно да ја применувате фитнес рутината и по кратко време ќе ги почувствувате резултатите, како внатре во организмот, така и во надворешниот изглед. Бидете фит, вежбајќи фитнес!
.gif)






















.gif)























