
Еден час пред тренингот се препорачува да испиете една чаша свежо исцеден сок.
Желбата за идеална фигура, пак, ве доведе пред дилемите за фитнес тренинзите и правилата на исхрана за кои си ветивте дека од утре ќе бидат ваше секојдневие.
Пред да почнете за сонувате за вашата појава во новиот фустан на која ќе и позавидат и светските модели, ќе мора да ја откриете вистината за фитнес митовите и да ги одгатнете тајните на правилната исхрана!
Мит 1: Повеќе движење, повеќе храна
Активниот фитнес значи и повеќе потрошени калории. Освен тоа, со фитнесот се забрзува и процесот на размена на материите.
За да го надополните количеството на потребни хранливи материи и да обезбедите доволно енергија за целиот ден, одлучете се за квалитетна, балансирана и здрава храна, а не за зголемување на нејзиниот обем во текот на денот.
Експертите сметаат дека физичката активност го намалува апетитот.
Мит 2: Три оброка се доволни
Внесувањето на храната во текот на три оброка во текот на денот може да го забават метаболизмот како последица на што наталожените масти може да се претворат во вишок килограми. Фитнесот не треба да биде причина за ограничување на исхраната на три обилни оброци.
Подобро е да го намалите обемот на оброците, а да ја зголемите нивната зачестеност.
Мит 3: Не смеете да јадете два часа пред и по тренингот
Тренингот неможе да биде ефективен доколку вашиот организам е гладен, но и прејадувањето не е оправдано доколку се стремите кон фигура од соништата.
Еден час пред тренингот се препорачува да испиете една чаша свежо исцеден сок, а по половина час од тренингот треба да ја посетите кујната.
Мит 4: Само водата може да ја смири жедта
Со потењето ги губите солите во организмот, како и многу корисни материи како што се калиумот, калциумот и железото кои се потребни во мали, но неопходни количества. Нив може да ги дополните со обична вода.
Вистината е дека минералната вода или овошните сокови се способни да ги вратат изгубените витамини многу побрзо за разлика од обичната вода.
Мит 5: Потребни ви се повеќе белковини
Белковините во исхраната се неопходни за зацврстување на мускулната маса, но нивното прекумерно внесување се заканува со вишок килограми, и тоа, на најкритичните места.
Затоа за време на фитнес тренинзите, внимавајте на количеството внесени белковини. На секој килограм од телесната маса, доволен ви е еден грам белковини во текот на еден ден, што значи доколку имате 60 килограми, дневното количество на белковини кои треба да ги внесете изнесува 60 грама.
.gif)






















.gif)























