
Професионалниот тренер ќе ви помогне во изборот на соодветни вежби, во зависност на целната група на мускули,
За најголемите нешта во животот, позитивниот резултат доаѓа подоцна по вложениот труд. Вашето фитнес искуство, се чини како да не е исклучок од ова правило.
Поминува месец, два, а вашите нерви се при крај затоа што ефектот од вашата секојдневна посета на фитнес центарот, не се забележува. Размислете можеби причината лежи во некои од следниве фитнес грешки кои секојдневно ги повторувате!
Дали тренерот е соодветна личност?
Вие сметате дека сами се разбирате многу подобро од тренерот, а вашата убеденост оди до таму што сами си смислувате фитнес програма.
Така само го забавувате резултатот од напорните активности, но и можете да се изложите од несоодветни трауми од „самоизмислените“ вежби.
Неопходна ви е помош од професионален тренер. Неговата задача е да ви помогне во изборот на соодветни вежби, во зависност на целната група на мускули, потоа да ви ги објасни и да ве упати на правилата на соодветното дишење и исхраната. Доколку имате некои здравствени проблеми, соопштете го тоа на вашиот тренер.
Неправилна исхрана
Не помалку значајна за вашата фитнес мисија е и правилната исхрана. Резултатите од вежбањето, доколку се изложувате на истовремено гладување или разгалување со висококалорична храна се еднакви на нула.
Здравата и балансирана исхрана која треба да биде основен предуслов за вашиот фитнес тренинг треба да се состои од 15% белковини, 45-53% масти и 40-50% јаглероди во текот на еден ден.
Калориите се задолжителни. На жените дневно има се потребни од 1800 до 2300 калории, а на мажите од 2000 до 2600.
Недостатокот на калории може да биде причина за замор и истоштеност на организмот поради што ќе го одложите тренингот.
Задолжително загревање
Ништо помалку важно не е ниту растегнувањето на телото по тренингот. Тоа го подобрува дишењето и работата на срцето, ја забрзува размена на материите, и дава еластичност на кожата и најважно ги опушта мускулите. Одморете по секој тренинг.
Неправилно дишење
Неправилното дишење може да биде опасно за вашето здравје. Недоволното количество на кислород во мускулите е одговорно за нивната неправилна работа.
Како резултат на тоа може да се појави крвен притисок и вртоглавица. За да го избегнете тоа земајте воздух секогаш кога правите напорна вежба и избирајте фитнес центри со добра вентилација.
Не треба да ве потсетуваме дека кафето, алкохолот и цигарите никако не се совпаѓаат со спортот - тоа е веќе одамна докажана аксиома.
.gif)






















.gif)























