
Прескокнете го грицкањето после вежбањето и со вежбање 5 пати неделно согорете до 500 калории оваа седмица.
Можеби и вие сте чуле дека со вежбање нема да ослабете, бидејќи потоа огладнувате брзо и копнеете по брза храна или пак сте забележале дека јадете многу повеќе во деновите кога го посетувате фитнес центарот за разлика од оние останатите.
И за жал навистина е така, еден час по вежбањето вашиот организам бара да се наполни со гориво, а ова е поизразено кај жените и тие прават фитнес грешки.
Еве ги фактите за некои митови кои кружат во врска со ова:
MИТ 1: Мојот метаболизам е побрз после вежбањето, па ако грицнам нешто ќе го согори веднаш.
Овој е т.н. после согорувачки ефект, кога телото користи енергија за да ја поврати состојбата на одмор. Звучи одлично, но дури и многу напорно вежбање, кое трае повеќе од 45 минути, согорува помалку од 100 калории.
Совет: Прескокнете го грицкањето после вежбањето и со вежбање 5 пати неделно согорете до 500 калории оваа седмица.
NotForMen препорака: 7 продукти за ублажување на гладот
MИТ 2: Ова утро согорив мега калории, па можам да јадам што сакам денес.
Најпрво дефинирајте го „мега“. Истражувањата велат дека го преценуваме нивото на согорени калории.
Луѓето кои согоруваат 200 калории со брзо одење мислат дека согореле 825, според студијата на универзитетот во Ottawa. И потоа ја преминуваат границата со околу 350 калории поради нивните погрешни проценки, вели авторот на студијата Eric Doucet.
Совет: Не погодувајте колку калории сте согориле, туку сметајте ги на соодветен начин. На пример за жените брзо одење согорува 5 калории во минута, односно 225 калории во 25 минути.
MИТ 3: Некое колаче пред вежбањето? Па зошто да не, тие ќе бидат првите калории кои ќе заминат!
Отстапете од брзата храна! Жените кои јадат слатки, бел леб, зашеќерени житарки пред вежбањето согоруваат 55 проценти помалку маснотии отколку оние жени кои консумираат овес, јогурт и слично, покажа студијата во магазинот Journal of Nutrition.
| 55% помалку калории согоруваат жените кои јадат слатки работи |
Совет: Слатките работи се најдобри во умерена количина и никако не пред вежбањето!
Погледнете го приказот подолу што треба да консумирате во зависност од интензивноста и времетраењето на вашите вежби. Откријте дали се дозволени јајца во вашите оброци пред вежбањето?
.gif)






























.gif)























