
Поминете барем 26 минути собирајќи лисја, нормално и потскокнете неколку пати да слушнете како крцкаат под вашите нозе (120 калории)!
Веќе започнаа пожолтените лисја да крцкаат под вашите нозе, зарем не ви дава тоа некаква идеја? Време е да ја отворите собата за алатки на вашиот татко и да го побарате греблото, кое и тоа како може да биде вашата алатка до подобра фигура. Средете го дворот, исфрлете го ѓубрето и наскоро со мирна совест облечете го омиленото фустанче.
Ве предизвикуваме на есенска акција за согорување калории со 7 забавни начини:
Собирање лисја!
Време е да го средите вашиот двор! Поминете барем 26 минути собирајќи лисја, нормално и потскокнете неколку пати да слушнете како крцкаат под вашите нозе (120 калории) и потоа поминете уште 15 минути изнесувајќи ги до контејнерот (80 калории). Не само што ќе потрошите 200 калории, на овој начин и ќе го средите вашиот двор, кој до пролет ќе биде подготвен за садење на најразлични видови цвеќиња.
Миење на автомобил!
Поминете едно пладне миејќи го вашиот автомобил! Не само што ќе заштедите 150 денари, туку и ќе изгледате заводливо за згодниот сосед опкружени со сета таа пена и најважно од се ќе согорите 200 калории. Пуштете гласна музика и препуштете се на 31-минутно светнување на автомобилот.
NotForMen препорака: Вистината за вежбањето и калориите
Бакнување за време на реклами!
Во следните 10 ноќи, скокнете во креветот со вашиот љубен и гледајте го вашето омилено ток-шоу. Кога и да има пауза за реклами, започнете да се бакнувате и не сопирајте се додека не завршат.
Вашите усни ќе бидат споени околу 18 минути во текот на вечерта, тоа е вкупното време на реклами за време од 1 час телевизиско емитување. Бакнувањето согорува 1,1 калорија во минута, па така ќе согорите 200 калории во текот на 10 ноќи.
Танцување на омилениот хит!
Одберете некоја актуелна песна која вам ви се допаѓа и зададете си задача да заиграте секој пат кога ќе ја чуете! Ако е хит сигурно ќе ја има во секој бар, диско, роденден или било каква прослава, а вие ќе бидете новата Beyoncе.
Застанете на вашите високи потпетици со споени нозе, исправете го грбот и започнете ја кореографијата. Пуштете го спотот од песната на YouTube и вежбајте 29 минути, или отприлика 9 пати ако песната трае малку над 3 минути. Ќе ги научите чекорите, стиховите, ќе се забавувате и слабеете!
Следат уште 3 плус инстант предизвици. Можеби токму денес е совршениот ден за 23 минутно вртење на педалите од вашиот велосипед, веќе претпоставувате зошто, зарем не?
.gif)





























.gif)























