
Направете ја позата мост таа ќе дозволи белите дробови целосно да се рашират и повеќе кислород да циркулира до вашиот мозок и мускулите.
Потребни ви се само 120 секунди за да решите некои проблеми, кои ве мачат одново и одново. Набрзина справете се со вкочанетоста, главоболката или безенергичноста.
Еве како:
Ако сте под стрес...
Има едно нешто кое ќе ви помогне, а можете да го направите насекаде: дишењето! Затворете го очите и длабоко вдишете низ носот. Задржете до здивот броејќи до 5, а потоа полека издишувајте преку носот броејќи до 10. Повторувајте го ова 2 минути. Ова може да го деактивира стресот и да ве релаксира.
NotForMen препорака: Техники за намалување на стресот
Ако ви се напнати рамениците...
Застанете со грбот до ѕидот, со петиците споени и рацете отстрана. Полека лизгајте го телото надолу со главата кон подот, се додека не висите надолу.
Рацете опуштете ги да се лулаат слободно. Тука направете 8 мали неконтролирани кругови со рацете, ослободувајќи ја тензијата од рамениците. После осумте круга полека вратете го грбот на ѕидот.
Ако ве боли долниот дел од грбот...
Легнете на грб со нозете испружени и рацете отстрана. Нежно повлечете ги колената накај градите, држејќи го задниот дел од бутот.
Ослободете го и истегнете го десното колено преку телото на лево колку што можете, држејќи ги двете раменици на подот, а рацете во Т-форма. Сменете ги нозете и повторете. Направете го по 2 пати на секоја страна.
Ако имате силна главоболка...
Причината за главоболки почесто е напнатост во вратот, отколку болка во главата. Со десната рака од страна буткајте ја главата кон левото рамо, буткајќи ја главата нежно со левата дланка кон длабоко тегнење. Задржете 30 секунди и повторете по 2 пати на секоја страна.
Ако немате енергија...
Направете ја позата мост таа ќе дозволи белите дробови целосно да се рашират и повеќе кислород да циркулира до вашиот мозок и мускулите.
Легнете на грб, свиткајте ги колената, стапалата нека бидат директно под колената. Поткренете ги колковите, поставувајќи ги рацете наназад под грбот. Задржете 30 секунди дишејќи бавно.
Ако колковите ви се вкочанети...
Часовите поминати зад воланот може да доведат до болка во колковите и нозете. Решението е да застанете со десната страна кон автомобилот и да ја поставите десната рака на него во висина на рамото.
Прекрстете ја десната нога зад левата, држејќи ги стапалата рамни и навалете ги колковите кон автомобилот. Ќе почувствувате затегнување во десниот колк. Држете 30 секунди и повторете со другата страна.
.gif)






















.gif)























