
Кревањето тегови е иделна вежба за зацврстување на горниот дел од телото пред се на мускулите на рацете и градите.
Дали знаете дека со 60-минутно умерно кревање на тегови со тежина од по два килограми се согоруваат околу 211 калории, а доколку го забрзате интензитетот дури и 422 калории? Тоа значи со редовното кревање тегови за еден месец можете да изгубите до еден килограм.
Доколку оваа информација звучи доволно примамливо за вашата фигура тогаш дознајте ги советите како да вежбате со тегови!
- Кревањето тегови не треба да го сфатите како вежба за мажи, ниту да ве плаши помислата дека може да предизвика екстремно билдање на мускулите.
Обемот на мускулите е поврзан со тестостеронот кој кај мажите е застапен 2-3 пати повеќе за разлика од кај жените поради што вежбите со кревање тегови кај нив имаат таков ефект.
- Кревањето тегови е иделна вежба за зацврстување на горниот дел од телото пред се мускулите на рацете и градите.
- Препорачлива тежина за жените се теговите од околу два килограми. Исто така, кревањето тегови е добро да се комбинира со кардио вежби и вежби за истегнување на делови или целото тело.
- Интензитетот на кревањето тегови, односно повторувањето треба да зависи од целта на вежбањето (зацврстување или зголемување на обемот на мускулите, зголемување на муксулната издржливост или топење на вишокот колограми).
Практикувањето на оваа комбинација на вежби освен што се препорачува за зацврстување на мускулната маса е идеална и за топење на масните наслаги и забрзување на метаболизмот.
За зацврстување на мускулната маса фитнес инструкторите препорачуваат 15 повторувања во една минута при што треба да почувствувате замор.
Доколку сакате да се откажете од пушењето...
Едно американско истражување покажало дека шансите за откажување од никотинската навика и кај двата пола двојно се зголемуваат доколку редовно вежбаат со тегови. Навиката за кревање тегови во серии неколку пати на ден без оглед на нивната тежина може да биде одличен тренинг не само за мускулите туку и за нервите што позитивно влијае при оставањето на некои негативни навики како што се цигарите или алкохолот.
NotForMen препорака: Вежби за гради
Каква храна да конзумирате за време на вежбањето?
.gif)





























.gif)























