
Сите ние имаме различни професии и различни животи, па затоа не мора строго да следите некојa книга.
Цел: да изгубите килограми, начин: со вежбање... Кога пред себе вака јасно ќе си ги зацртате целите, половина работа ви е завршена и не ви е потребна дополнителна мотивациона листа за да започнете да вежбате.
Ние ви даваме само листа со мали трикови како да си ја олесните работата и со помалку труд да постигнете поголеми резултати.
Земете слободен од вежбањето секоја недела!
Ова нека постане дел од вашата рутина за вежбање. На вашето тело му е потребен слободен ден, па така не размислувајте дали да си го дозволите.
Вежбајте надвор колку што можете повеќе!
Една предност на вежбањето надвор е сонцето и свежиот воздух, а друга е опкружувањето кое ви дава енергија и не ве тера да се склопчите на креветот.
NotForMen препорака: 5 тајни на супер мотивираните
Соберете информации за вежбањето!
Само отворете google (па и notformen) и тука ве чека цела палета на вежби и користа од нив. Исто така појдете до најблиската книжарница и купете некоја книга на тема фитнес.
Повикајте некој да вежба заедно со вас!
Пронајдете си партнер за вежбање, тоа е тајната како да изгубите килограми брзо. Но тоа нека биде некој посветен со кого ќе се чувствувате обврзани за да вежбате. Заедно ќе ги споделувате стравовите и напредокот.
Постепено зголемувајте го времето на вежбање!
Ова е полесно да се каже отколку да се направи, но мора да го натерате умот да го стори тоа за телото да го стори тоа. Не задавајте си преголеми цели преку ноќ, туку постепено зголемувајте го времетраењето на вашиот дневен тренинг.
Направете си план за вежбање кој ќе одговара на вашиот животен стил!
Сите ние имаме различни професии и различни животи, па затоа не мора строго да следите некојa книга. Направете си план соодветен за вас и држете се за него.
Уште 4 инстант совети, меѓу кои и златното правило на губењето на килограми:
.gif)






























.gif)























