
Веќе сте уморни и тешко дишете, но зарем можете да му кажете „не“ на тоа весело размрдано опавче?
Целулитот си најде сигурно прибежиште на вашите бутини, а стомачето не е повеќе рамно како изминатото лето. Да, тоа е негативната страна на празниците!
Но, не грижете се времето е суво и можете повторно да излезете да истрчате неколку кругови. Овој пат не и се јавувајте на вашата пријателка, вашето куче нека биде вашиот партнер за трчање! Еве и зошто:
Секогаш е позитивно...
Има денови кога сте нервозни, нерасположени, раздразливи и последно што сакате е да зборувате со некој и да ставите лажна насмевка. Негативната енергија ќе ја потрошите со трчање, но за тоа во овие мигови земете еден поинаков другар. Вашето куче! Тоа секогаш е релаксирано и позитивно расположено. Кучињата дури и изгледаат како да се смеат.
Секогаш е расположено за трчање...
Не мора денес повторно да изгубите половина час убедувајќи ја вашата пријателка да трча со вас. Кучињата се природни тркачи, исто и вие. Ќе имате голема придобивка од овој заеднички интерес. Одлично ќе биде дури и двајцата да дремнете малку после трчањето.
NotForMen препорака: Домашното милениче и вашето здравје
Секогаш е безгрижно...
Вашата партнерка за трчање повторно ја подместува својата GPS направа и пресметува колку калории потрошила. Сет тој притисок ве прави нервозни и ја губите желбата за трчање. Но вашето куче ќе ве потсети дека најдобриот начин на вежбање е да трчате слободно и по ваша волја.
Секогаш е упорно...
Веќе сте уморни и тешко дишете, но зарем можете да му кажете „не“ на тоа весело размрдано опавче? Едно истражување на универзитетот во Missouri покажа дека луѓето кои вежбаат со куче се многу поистрајни и имаат подобри резултати од оние кои вежбаат сами или со човечки партнер.
Уморно куче е добро куче!
Откако и двајцата добро ќе се изморите кога ќе пристигнете дома, вашето кученце ќе биде повеќе расположено да спие под вашите нозе, отколку да ви ги гризе новите патики.
Неколку мерки на претпазливост за вашето милениче:
1. Кученцата не треба да трчаат се додека нивните коски не престанат да растат бидејќи нивните зглобови се склони на повреди. Кај малите раси кучиња оваа фаза трае околу 9 месеци, а кај големите 16.
2. Ако вашето куче не трчало со вас досега, на почетокот започнете со 3 пати неделно по 15-20 минути, па додавајте по 5 минути секоја наредна недела.
3. Секогаш водете го од една страна, научете го дека ова не е време за игра, туку е време за вежба и наградете го со некоја закуска кога добро ќе ја заврши работата.
Еве и 5 предлог коланчиња за вашето кученце:
.gif)






















.gif)























