
Зелениот зеленчук нема калории, па за да додадете ставете му маслиново масло, изрендано сирење или јаткасти плодови.
И додека напишавме 101 една диета и ве советувавме на 101 начин како да се ослободите од килограмите, како да подзаборавивме дека има и такви кои сакаат да стават некој килограм на себе.
Иако ви изгледа лесно, ова не е воопшто лесна мисија!
Како за вишокот килограми така и за нивниот недостиг главен виновник се гените и метаболизмот. Има девојки кои очајнички сакат облини или барем убаво исполнети фармерки.
Еве решение ако и вие сте една од нив:
Јадете правилно!
Избегнувајте празни калории, тие долгорочно не ви помагаат, и јадете храна богата со јаглени хидрати и протеини!
*Празни калории = помфрит, хамбургери, чипс.
Јадете 5-6 пати на ден и бидете упорни!
ПРОТЕИНИ – Ги има во сирењето, млекото, јогуртот, јаткастите плодови, путерот од кикирики.
Исто така ги има и во месото, кое нормално ви дава и доволен број калории.
NotForMen препорака: 5 корисни факти за протеините
ЈАГЛЕНИ ХИДРАТИ – Ги има во овошјето, зеленчукот и целите зрна. Тие се есенцијални за вашата тежина, му даваат гориво на телото и потребните витамини.
Следете ги овие совети:
- Наместо блага и мрсна храна, консумирајте храна богата со витамини и минерали.
- Ужинајте меѓу оброците.
- Избегнувајте вода за време и по оброците.
- Зелениот зеленчук нема калории, па за да додадете ставете му маслиново масло, изрендано сирење или јаткасти плодови.
- Јадете манго и банани, тие се високо калорични овошја.
- Ставете млеко во прав во вашите супи и сосови за повеќе калории.
Не очекувајте магично брзи резултати. Клучот е упорноста, а резултатите ќе бидат видливи после некое време.
.gif)






















.gif)























