
Jessica Biel јаде сложени јаглехидрати, како овес и пченичен тост со лажица бадемово масло за појадок. Риба и зеленчук за вечера.
Работи многу на своето тело и сака активен живот. Спојот на јога, пилатес, тенис, фудбал, трчање ја прават Jessisa Biel една од најфит холивудските дами.
Покрај вежбањето во фитнес центарот, таа обожава да оди на прошетки со своите кучиња. Така не само што согорува калории, туку останува свежа и позитивна.
Па ако и вие имате милениче зошто да не го послушате нејзиниот совет и да заминете на прошетка во природа?

Јогата и помага да биде флексибилна, а дигањето тегови силна. Ваквите миксови се одлични бидејќи активираат различни мускули од телото.
Значи ако стомакот е вашиот проблем не се концентрирајте само на него туку тонирајте ги сите мускули, а телото ќе одговори соодветно.
Многу е важно од време навреме да се одморите и закрепнете. Дадете си слободен ден каде што смеете да погрешите со храната и сличните однесувања. Одморајте и отидете на масажа и ќе видите како телото ви се менува кога мускулите ви се одморени.
За себе таа вели: „Цел живот се занимавам со спорт, што направи облеката, шминката и чантичките да не се толку важни за мене кога бев дете. Едноставно не се грижев за тоа. Како мала знаев дури да довлечкам и мртва верверичка дома на мојот скејтборд и да сакам да и го отворам мозокот да видам што има внатре.“
НЕЈЗИНАТА ФИТНЕС ПРОГРАМА
Таа започнува со растегнување на нозете со клекнување надолу со едната, па со другата нога, кое е одлично за задникот и нозете и за загревање. Ваквата подготовка е навистина важна за да се повредите при вежбањето.
Потоа продолжува со трчање, тоа е одлична кардио вежба и помага во рамнењето на стомакот.
Следи скокањето, кое е навистина напорно и болно, но го подобрува нервниот систем и е одлично за нозете.
Ништо нема да го подобри вашето тело како кревањето тегови, па така Biel одбира некои полесни и работи со нив.
Потоа седнува на нозе и ги прави т.н. руски твистови, односно со свиткани колена и поткренати стапала од земја се врти лево, па десно со горниот дел до телото.
NotForMen препорака: Вежбите и мотото на Reese Witherspoon
НЕЈЗИНАТА ИСХРАНА
Jessica Biel јаде сложени јаглехидрати, како овес и пченичен тост со лажица бадемово масло за појадок. Риба и зеленчук за вечера.
За ужина консумира ореви и овошје како банана, јаболка или јагоди. Знае понекогаш да земе парче темно чоколадо, што е сосема во ред ако не се занесете, бидејќи на телото му е потребно.
Не е лесно да го пратите нејзиното темпо, бидејќи таа интензивно и за краток рок мора да се подготви за различни фотосесии, филмски улоги или свечени настани, но ова е одлична рутина за да се остане во форма.
Најважно запомнете го задолжителното мешање на фитнес програмата со танцување, пливање или некоја друга активност.
.gif)






















.gif)























