
Одговорот поедноставен и не може да биде. Информираноста е еден чекор до заштитата. Сексуално преносливите болести не одбираат според пол, раса или возраст. Затоа, ако сте мајки, побрзајте со сексуалното образование на децата. Колку се посвесни за ризиците од сексуално преносливите болести, толку повеќе ќе практикуваат да се заштитат кога ќе станат сексуално активни.
Кои се основните факти што треба да ги знаеме?
Сексуално преносливите болести никого не дискриминираат. Иако можеби имате изговори, тоа не значи дека болеста ќе ве заобиколи. Постои само еден услов за да влезете во категоријата изложени на опасност. Тоа е да сте сексуално активни.
Постојат три начини да се заштитите: да користите кондом при секој чин, да имате секс само со еден партнер и на кој вие сте му единствената партнерка, да не практикувате секс воопшто.
И покрај големиот број образовни кампањи, бројот на пациентите од година в година се зголемува. Карактеристично е тоа што две третини од заболените се луѓе под 25 години и помлади. Можеби причината лежи во тоа што денес младите практикуваат секс на премногу рана возраст.
Жените се далеку посклони на сексуално преносливите болести. Нивниот полов орган е почувствителен и лесно се иритира и повредува и при нормален секс. На тој начин тој е отворен за секакви бактерии. Уште една лоша информација е тоа што симптомите не е лесно да се препознаат. Многу често се поврзуваат со погрешни болести, а со тоа се даваат несоодветни терапии.
Дали постои решение?
Секако дека медицината создала многу алтернативи за соочување со сексуално преносливите болести. За сидата иако сé уште нема лек, сепак многу е сторено во забавувањето на болеста и подобрување на штетите што ги сторила.
Нашиот совет е дека не треба да се доведете до фаза да примате лекови кога постои многу поедноставен метод. Паметните луѓе не залудно создале кондоми. Не влијае на сексот и задоволството, а сепак ве поштедува од несакана бременост и болести. Покрај кондомите, мора да создадете практика да посетувате гинеколог за рутинска проверка на состојбата.
.gif)






















.gif)























