nordicНордиско скијање
Аеробик-вежба број еден со позитивно влијание за кардиоваскуларниот систем.
nadvor_slika2_stresТехники за намалување на стресот
Комбинацијата од музика, масажа, купка и спорт секогаш е делотворна.
apceПринцип на природно оздравување
Малку ве заболе главата, а вие повторно без размислување се напивте апче?
42-22735709Топли масажи за во зима
3 вида масажи за максимално отпуштање во зима!

6 најчести средства за контрацепција

nautro_zema_tableta

Пред да се одлучите за некоја метода, прочитајте сé за неа, информирајте се за предностите и маните, направете споредба, пресметајте колку пари треба да одвоите секој месец и, што е најважно, разговарајте со партнерот. Ниту треба сама да бидете одговорна за тоа ниту, пак, треба одговорноста да ја префрлате на партнерот.

Како што за секс се потребни двајца така и за заштитата се потребни двајца. Ако сте одлучиле дека ќе се заштитувате со употреба на кондом, договорете се кој ќе биде одговорен за купувањето и дали само едниот ќе ги плаќа. Вака ќе избегнете расправија кога нема да имате кондом при рака, а да не зборуваме за искушенијата кога најчесто се случуваат грешки.

Постојат повеќе методи за заштита. Некои штитат само од бременост, други од СПБ, трети и од двете.

Апстиненција. Тоа значи да немате воопшто сексуален однос, а штом немате, нема начин како да заболите од некоја болест или да забремените. Има парови што апстинираат, а сепак практикуваат орален секс. Имајте на ум дека некои СПБ се пренесуваат и само преку обичен допир на полните органи.

Ејакулирање надвор. Паровите што се заедно подолго време обично не користат никакви средства, туку едноставно партнерот внимава и ејакулирањето го прави надвор од вагината на страна. За ваков потег треба да имате голема доверба во партнерот и да бидете свесни дека не сте се заштитиле од СПБ.

Спермициди. Спермицидите се купуваат во аптека, во форма на гелови, пасти, кремови и слично. Ги употребува жената со тоа што ги става во вагината најмалку 10 минути пред сексуалниот акт. Дејствуваат на тој начин што го оневозможуваат движењето на сперматозоидот и тој не може да доплива до јајце-клетката. Спермицидите штитат од некои СПБ, но не и од ХИВ.

Кондом. Дефинитивно кондомот е најчиста работа, не чини многу, а штити од несакана бременост, СПБ и од ХИВ. Позитивно е тоа што не постои голема разлика во сексуалното уживање во смисла дали имате секс со кондом или без. Постојат одредени правила за користење на кондомот. Партнерот мора да се научи правилно да го става исклучиво кога пенисот е во ерекција. Не смее да се чува на топло место, како на пример во џеб. Бидејќи секогаш постои можност да се скине ако внимателно не се намести, уште посигурна варијанта е партнерот да ејакулира во кондомот, но надвор од вагината. Кондомите се со еднократна употреба и за еден секс е потребен еден кондом, а не два еден врз друг.

На пазарот се појави и женски кондом. Жената го става во вагината пред сексуалниот чин и исто како и машкиот штити од СПБ, ХИВ и од несакана бременост. Разликата е тоа што сé уште не се употребува многу како машкиот, па затоа е поскап.

Контрацептивни таблети. Основно правило е дека не смеете да ги земате на своја рака само затоа што ви ги препорачала најдобрата пријателка. Секогаш консултирајте се со лекар за да ви препише соодветни за вас. За да бидат делотворни, мора да ги пиете според упатството. По 36 часа ако не се напиете, го губат дејството. Се смета дека девојките треба да ги применуваат по 5 години од нивната прва менструација. Контрацептивните таблети се крајно ефикасни во спречување на бременоста, но не штитат од болести.

Утрото по... Има ситуации кога жената не е сигурна дека не се направила штета. Може да се работи за скинат кондом, заборавање на контрацептивната таблета, секс без кондом и слично. Доволно за да се роди сомнеж. Затоа постојат пилули што треба да се земат што побрзо  по чинот или најдоцна до 48 часа.  Ваквите пилули предизвикуваат гадење, набрекнатост на дојките и изместување на месечниот циклус. Не смеете секогаш да се потпирате на оваа таблета, наменета е за посебни ситуации.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?